-Детска и превентивна стоматологија-вакцинирани!, напиша Ѓоргиевска, објавувајќи и две фотографии од вакцинирањето.

Објавил: Перо Милчин | 9 март, 2021 7:30

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета, прими вакцина против Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска вчера попладне на својот фејсбук профил објави дека се вакцинирала против КОВИД-19.

-Детска и превентивна стоматологија-вакцинирани!, напиша Ѓоргиевска, објавувајќи и две фотографии од вакцинирањето.

Првата пратка од 3.000 вакцини „Спутник V“ кои Министерството за здравство ги купи пристигнаа завчера во Македонија преку компанијата „ДХЛ“.

Пратката со вакцините ја прими министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

До крајот на овој месец, се очекува да стигнат вакцини и од други производители:  кинеската „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Фајзер“. Нарачани се над 2 милиона вакцини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Веста за трансплантацијата ја објави утрово министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук-профил.

ИСТОРИСКА ФОТОГРАФИЈА: Докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство...