Судир на интереси ?

Објавил: Узунов Бобан | 18 септември, 2019 7:34

Сопругата на советникот на Заев, Маричиќ потпиша за стипендијата на ќерќата на Никола Димитров

Фото/Текст извор: ©магазин

Државната комисија за спречување корупција го затвори случајот „стипендијата на ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров“ за кој била поднесена анонимна пријава, соопштија од Антикорупциска.

Скандалот со доделувањето на стипендијата на ќерката на министерот за надворешни работи го откри магазин. 

-За да се добие оваа стипендија има точно утврдени услови и бодови кои важат за сите кандидати, а прв услов за да се добие стипендијата е студентот да успеал да се запише на еден од врвните факултети кои се на Шангајската листа, а не зависи од тоа кој е министер, изјавиле од Антикорупциската комисија.

Кога конкурирала ќерката на министерот Димитров, биле примени вкупно 6 кандидати кои ги исполнувале условите. Другите кандидати не биле одбиени, туку им било оставено време, дополнително да ги достават потребните документи.

Стипендијата во износ од 40.000 долари на ќерката на министерот Никола Димитров, за додипломски студии во Холандија, била доделена со потпис од Маринела Маричиќ Тушева, сопруга на Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев.

На итна седница на штотуку формирана комисија во Министерството за образование било одлучено Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да добие стипендија од 40.000 долари за додипломски студии во Холандија.

На 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерка за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт. 

Кога се отктри скандалот, малку познат во јавноста беше фактот тоа дека сопругата на специјалниот советник на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, Маринела Маричиќ Тушева во тој момент била во функција на заменик претседател на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство за академската 2017/2018.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сарај, Чаир, Гази Баба и Бутел се општини со најголем број на заболени а воедно посочи и дека ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки доколку тоа е потребно.

Венко Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции!

На денешната прес-конференција Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција...

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

ЛЕВИЦА: „СДСМ ја однесе Македонија во длабока економска бездна“

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин...

 За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење додава миностерот за внатрешни работи Наке Чулев.

Чулев: Порастот на заболени е вина на власта!

Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта наместо суштински...