Министерот Спасовски во понеделникот доцна навечер на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.

Објавил: Перо Милчин | 28 октомври, 2020 15:12

Сопругата на Спасовски оди во самоизолација

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Само едно лице од сите контакти на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на ковид-19, ќе оди во изолација. За сите други кои изминатиов период имале контакт со Спасовски, епидемиолозите оцениле дека нема ризик да се заразат, пренесува Сдк!

„Издадено е едно решение по основ на контакти по спроведена епидемиолошка анкета на лицата кои биле во контакт, и оценето е дека само за еден лице постои ризик од среден односно висок степен на загрозеност“, рече директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Министерот Спасовски во понеделникот доцна навечер на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19.

Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зaшто со него само ќе губиме, вели Мицкоски!

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да...

Оваа година Град Скопје има предвидено 2 милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ! Град Скопје ги...

Во овој предмет обвинет е и поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски. Никола Груевски не е на листата и за него истрагата е прекината откако побегна во Будимпешта.

ЗАЕВ ЗА 27 АПРИЛ: ВЕЉАНОСКИ, РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ НЕ СЕ ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Никола Груевски бил главниот организатор на 27 април, а не Миле Јанакиески, Спиро Ристовски,...