Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Објавил: Перо Милчин | 27 ноември, 2021 11:51

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Фото/Текст извор: ©магазин

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија.

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Јовески вели дека уште додека биле во Бугарија наредиле да се заплени документацијата на превозникот, од каде биле известени дека нема списоци во писмена форма!

Јавниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека на бугарските колеги им се предадени ДНК профилите на роднините на несреќно загинатите патници во несреќата, записници од осум сослушани сведоци, предметот оформен во Министерството за транспорт и врски за лиценцата на превозникот „Беса Транс“ и целокупната документација за автобусот со кое располага македонското Министерство за внатрешни работи.

За потребите на обвинителството на Бугарија и на обвинителството на Северна Македонија се продолжува со сослушување и на други лица. Наидовме на целосно разбирање од обвинителството од Бугарија и од утре двајца експерти од Институтот за судска медицина заминуваат во Софија за забрзување на постапката на идентификација на настрадануте“, изјави Јовевски.

На прес-конференцијата присуствуваа и Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник и Младен Христов Петров, истражител во Националната истражна служба на Република Бугарија. Тие изразија сочувство до семејствата за трагичната несреќа и изјавија дека координацијата меѓу македонските и бугарските истражни власти е на исклучително високо ниво.

Ова е страшна несреќа што се сличи, и ве убедувам дека координацијата меѓу двете држави е на високо ниво и откако се случи сообраќајната несреќа институциите постојано работат на расчистување на случајот. Продолжуваме со истата активност и бидејќи се работи за обемна документација, не може се уште да се кажат точните причини за несреќата“, изјави Јорданов Михајлов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...