За лошата здравствена сстојба на Миле, говорат неговата сопруга и адвокатите, кои велат дека тој е видно ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 19:49

Состојбата на Миле Јанакиески се влошува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе 13 дена поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески штрајкува со глад, во затворот во Шутка каде се наоѓа во притвор,пренесува РЕПУБЛИКА.

Миле Јанакиевски во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.

За лошата здравствена сстојба на Миле, говорат неговата сопруга и адвокатите, кои велат дека тој е видно ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен.

Иако не сака да ја информираме јавноста за неговата состојба, ова што го прави повеќе нема смисла. Не гледам дека штрајкот вилијае врз правдата, туку само врз неговото здравје. Досега немал проблеми со бубрезите. Оваа инфекција е резултат на штрајкот и на условите во затворот, вели за порталот Република сопугата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања Јанакиески.

Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Јанакиески во случаите „Шпански скали“ и „27 април“ за Република истакна дека Миле се изложува на здравствен ризик, со оглед на тоа колку судења му претстојат, ќе биде тешко да ги следи.

Ако вака продолжи, нема да ги издржи процесите, вели Новаковски за Република.

Од порталот Република се обиделе да стапат во контакт и со Народниот правобранител, кој постапува по претставка од сопругата на Јанакиески, но оттаму како што велат не добиле одговор какви се заклучоците од посетата на Јанакиески во затворот во Шутка.

Одговор сѐ уште не добила ниту сопругата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

СРАМОТА: По кадата пронајдена и вреќа со плочки на дното на Охридско езеро

Дека сами си го уништуваме културното наследство, и нашите скапоцености говори и оваа...

До овој момент, немам информации дека Фрики и Кики, високи функционери во власта и во владејачката партија, одлучиле да преземат политичка одговорност за својата блискост со главниот актер на аферата за милионскиот рекет и да понудат соработка со јавниот обвинител. Ако го сториле тоа, нека ми простат за неинформираноста. Ако, пак, се оглушиле на мојот апел, ќе повторам – нивното одбивање да го сторат тоа објективно ја отежнува и ја забавува истрагата.

Героски со нови детали за “Рекет”: Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во случајов

Иако беше најавено дека денеска во најновата колумна на новинарот и сопственик на...

Груби вели дека тоа е работа всушност на Советот на обвинител. Ова е забелешка на Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

Груби: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

Артан Груби, пратеникот на ДУИ истакна дека не е работа на Собранието или Владата...

- Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот. Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Заев е главата на октоподот: Русковска, ЗАев и Спасовски свесно и даваат простор на Јанева

Потпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој изјави дека Заев,...