По изјавите Бучковски ја напушти прес конференцијата а Захариева на новинарско прашање одговори дека Софија не го негира македонскиот идентитет.

Објавил: Перо Милчин | 9 декември, 2020 15:49

Софија не го негира македонскиот идентитет, вели Захариева!

Фото/Текст извор: ©канал 5

Ден по ветото од Софија шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева изјави дека односите на Софија и Скопје се во деликатна етапа, во која и двете страни се разочарани. 

И покрај тоа што Бучковски допатува со пораката дека доаѓа со добра волја официјална Софија го пречека со остра реторика.

Захариева повторно ја обвини македонската страна дека не ги исполнила обврските од Договорот за добрососедство, според неа во делот на едностраното блокирање и политизирање на работата на Историската комсиија, административните бариери за бугарските бизниси, бавната реализација на коридорот осум, скриената поддршка на лица и организации за поддршка на македонско малцинство во Бугарија, на што како што изјави софија алармирала година и половина.

На вчерашната реакција на македонската влада дека ветото на Софија е неодговорна стратешка грешка, Захариева врати дека не станувало збор за вето!

На заедничката прес конферемнција специјалниот владин претставник Владо Бучковски рече дека имал конструктивна едночасовна тет а тет средба со Захариева. Тој е лично задоволен што Бугарија неговото назначување го смета за дополнителен напор од македонска страна да се врати изгубената доверба.

Во периодот кој претстои повеќе да се фалиме со сработеното изјави Бучковски и потенцираше дека ниту тој ниту захариева не можат да ја променат заедничката историја.

По изјавите Бучковски ја напушти прес конференцијата а Захариева на новинарско прашање одговори дека Софија не го негира македонскиот идентитет.

И Бучковски и Захариева потенцираа дека треба да се врати довербата во процесот и дека треба да спласнат тензиите и во Скопје и во Софија. За време на неговиот престој Бучковски ќе се сретне со Борисов и Каракачанов, а утре и со бугарскиот претседател Румен Радев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата на РСМ на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Министерство за здравство: Комисијата за заразни болести предлoжи воведување полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести...

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае.

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРА: Комисијата за заразни болести предлoжи полициски час во цела држава

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести...

Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања.

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на нашиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ...

„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината...