„Нашите услови не се сменети, ме чуди дека е ова нешто ново за нас, да ќе ја носиме нашата одговорност, но многу би сакала и колегите во Скопје да ја носат нивната одговорност“, вели Захариева.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 ноември, 2020 18:17

Софија ќе го запре патот на Скопје кон ЕУ доколку не се решат отворените прашања

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека бугарските услови кон Македонија не се сменети со години и се чуди зошто во земјава не разбираат и во јавноста делуваат како да се нови.

„Нашите услови не се сменети, ме чуди дека е ова нешто ново за нас, да ќе ја носиме нашата одговорност, но многу би сакала и колегите во Скопје да ја носат нивната одговорност“, вели Захариева.

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји.

Османи порача дека правото на соомоопределување е суверено право на државите, а не прашање што се регулира во билатералните односи.

– Веруваме дека преговарачкиот процес не е само чист бирократски процес, туку процес што се води од универзалните вредности и принципи на ЕУ.  изјави Бујар Османи МНР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Бошњаците можат да сонуваат што сакаат и тоа не е забрането. Меѓутоа, посакувам Република Српска да биде самостојна, што е многу реално.

Додик: Реално е Република Српска да стане самостојна

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека...

Станува збор за мерките што веќе 11 месеци се продолжуваат, а новата одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и шенген зоната".

ДО 8 МАРТ ЗАТВОРЕНИ И ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА НА ДРЖАВЈАНИ ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ

За уште две седмици, до 8 март 2020 година, грчката влада ја продолжи одлуката за ограничување...

Новинарот Оливер Вилис го објави видеото на Твитер и изјави дека е убаво да се има претседател кој може нормално да разговара со други луѓе.

БАЈДЕН му го даде своето кафе на новинарот: Ова е гест за кој многу зборуваа(ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден има многу попријатна комуникација со новинарите...