Оваа реформа дава и конкретни резултати, обезбедува нови социјални услуги за корисниците и креира нови работни места, меѓу кои и за оние граѓани од ранливи категории.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 15:50

Социјалната реформа продолжува, обучени 300 негуватели да пружаат нега на 900 стари лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со Проектот за подобрување на социјалните услуги  300  негуватели ќе пружаат нега на 900 стари лица над 65 години во нивните домови. Со оваа социјална реформа се предвидува реализација на социјалните  услуги како што е помош и нега во домот на стари лица и пружање на услуги во Дневен  центар за лица со попреченост.

А децата со  со попреченост во Дневните центри ќе добиваат групна, индивидуална  и окупациска терапија.

Покрај работата со лицата со попреченост предвидено е и советување и работилници и со родителите со цел тие полесно да се справуваат со своите деца во домашни услови.
Социјалната реформа е една од клучните во системот на социјална заштита чија стратешка цел е да обезбеди темелни промени во зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подигнување на квалитетот на живот во државата.

Оваа реформа дава и конкретни резултати, обезбедува нови социјални услуги за корисниците и  креира нови работни места, меѓу кои и за оние граѓани од ранливи категории.

Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка социјалните услуги ги спуштаме на локално ниво, со цел нивна достапност и до најоддалечените места на живеење. Преку Проектот досега се склучени 19 Договори за грант во кои се вклучени проекти во 24 општини.

Проектот е вистински пример на соработка на централната,  локалната власт и невладините организации, кои заедно работат на градење на еднакво општество за сите, во кое граѓаните се стожерот на политиките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...