Слабата посетеност и лошиот одзив на митинзите на СДСМ создава паника и страв од евентуален пораз – па така социјалдемократите почнале да одат од врата на врата, да бараат поддршка од веќе заборавените членови.
Најголема разочараност има во скопското крило кое е маргинализирано уште од времето на Заев – а сега “политиката на себичност ја продолжил и Ковачевски” , брифираат партиски извори за Алфа телевизија.
„Јас се повлеков од партијата уште кога на чело дојде Зоран Заев. Оттогаш никој ме немаше исконтактирано ниту прашано зошто ме нема и каде сум. Сега одеднаш ми се јавуваат и ме прашуваат зошто не сум активен во општинската организација, зошто никаде ме нема и што може да направат за да ме поттикнат повторно да се активирам“ – вели нашиот соговорник од Скопје кој сака да остане анонимен.
Ветувања дека се ќе биде добро, ама мора да се истрае до крај – добила жителка на Битола, член на СДСМ, иако со години никој не ја исконтактирал.
„До сега два пати дојдоа кај нас дома. Сега им текна да не прашаат дали сме добро и дали ни треба нешто. Сакале да разговараме, ни кажаа дека разбираат оти можеби сме разорачарани, но дека државата била пред сериозен предизвик и дека сме морале да истраеме до крај. Велат, уште овие избори и се ќе биде добро. Каде беа до сега?“ раскажува жителка на Битола.
На предизборните активности фалат многу истакнати членови кои воделе жестоки битки во име на социјалдемократијата. Ковачевски на терен најчесто е придружуван од претседателката на ЛДП Моника Зајкова.
Максим Димитриевски, Весна Бендевска, Софија Куновска, Ивор Мицковски, Петар Атанасов се само неколку во низата кои го напуштија СДСМ. Поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми, пак, викендов премина во ДУИ.
Поранешните членови веќе не се согласуваат со очигледно “променетата идеологија на СДСМ“
Акционерското друштво оди во стечај. Борбата е кој ќе биде стечаен управник и ќе тргува со стечајната маса. А и кој ќе оди сургун или чија глава ќе се пазари, чија не. Струмичката пиљара уште е прилично жива и работи на спасување на сопствената глава истакна во една прилика Софија Куновска.
Причина за расколот исто така биле и пратеничките листи – коментираа поранешни членови – со цел истакнатите членови да дојдат до пратенички имунитет и да се спасат од евентуален кривичен прогон.
Според листите на квази европскиот фронт, народот има шанси не само да го казни октроираниот премиер виновен за општа амнестија и неказнивост, туку и неговиот катастрофален претходник и лажов Заев, напиша во една прилика Ивор Мицковски.
Тоа што Ковачевски ретко присуствува на митинзите на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дотолку повеќе ги подгрева шпекулациите дека во СДСМ наводно има несогласувања, разочараност и поделби.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.