Тој истакна дека се зборува за патоказ со кој ќе се унапредат меѓусебните односи и поефикасно ќе го спроведеме Договорот за пријателство и добрососедство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 септември, 2021 5:20

Со Бугарија не преговараме за името, вели Заев

Фото/Текст извор: ©магазин

Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, бидејќи ни треба решение. Затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво значајна цел по НАТО.

Јас сум горд и сум среќен што доживеав за време на мојот мандат како премиер, Република Македонија да биде членка на НАТО. Тоа е остварување на стратешка цел утврдена уште во 1993 година со Резолуција донесена од Парламентот“, истакна претседателот  на Владата на Република Македонија Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и дополни дека НАТО освен стабилност и безбедност, значи и потврда за територијалниот идентитет и суверентитетот на државата.

Премиерот Заев посочи дека португалското претседателство изнесе јасно решение што е македонски јазик и идентитет, а тоа го презеде и актуелното словенечко претседателство со ЕУ и со Бугарија воопшто не се разговара за јазикот и идентитетот.

Тој истакна дека се зборува за патоказ со кој ќе се унапредат меѓусебните односи и поефикасно ќе го спроведеме Договорот за пријателство и добрососедство.

Премиерот Заев наведе дека посакува во Бугарија да се формира политичка, како што истакна пред сè тоа е значајно за бугарските граѓани да имаат стабилна Влада, но и да се добие можност за изнаоѓање на взаемно решение!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...