За потсетување, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциј соопшти дека правното лице се сомничи дека сторило кривично дело „измама“ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавил: Весна Петровска | 9 октомври, 2019 19:43

Со двајца полицајци однесена Јасна Мандиќ во судот (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©онлајн маагзин

Истрагата за случајот Рекет се прошири и во Меѓународниот сојуз, предмалку во судот беше донесена и Јасна Мандиќ која е поптретседателка на хуманитарната организација.

За потсетување, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциј соопшти дека правното лице се сомничи дека сторило кривично дело „измама“ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, се појаснува во соопштението.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

– Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување на мерки за обезбедување на присуство на осомничените, надлежниот јавен обвинител до судијата на предходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје во текот на денот ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за едно лице и мерки на претпазливост за останатите осомничени лица. Првоосомничениот во рамки на друга постапка се наоѓа во притвор, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Од денес 24 часовен карантин за време на викендите во Куманово!

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните можности

ВРЕМЕ ЗА СОЛИДАРНОСТ: Белески ги повикува сите кои се во можност да донираат за медицинскиот пероснал!

Со помош на одделни членови на црквата од Триенген во Швајцарија како и спортското...

Според Гласот на Америка, тоа е половина од светското население каде што на повеќето луѓе им било наредено да бидат во карантин за да го спречат понатамошно ширење на коронавирусот.

Половина од светското население во изолација поради Коронавирусот: Карантин и полициски час во повеќе од 90 држави!

Пандемијата на коронавирус се шири низ целиот свет и од денес на глобално ниво, бројот...