30 дневен притвор

Објавил: Калина Мартинска | 22 мај, 2024 0:21

Го “местат“ врховниот судија Наќе Георгиев, тврди адвокатот, пред судијата се бранел со молчење

Фото/Текст извор: ©telma.mk

Не е виновен, го местат. Ова се зборовите на адвокатот Александар Тумановски и бранител на Наќе Георгиев. Но, тој не кажал што мисли за истрагата и пред судијата на претходна постапка молчел.

Така решил да се брани во овој дел од постапката, во негово име кажа адвокатот Тумановски.

Врховниот судија Наќе Георгиев, со полиција пристигна во основниот суд Скопје 1. По неколку часа ја загуби слободата и од попладневно ќе биде сместен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Судијата на претходна постапка им поверувал на доказите на обвинителката од одделението за борба против организиран криминал и одлучи да го задржи најмалку 30 дена во притвор. Георгиев е опасен и може да влијае на сведоците и кривичното дело, смета и судот по предлгоот на обвинителството.

„Судијата на претходна постапка донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно Може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело,“ се наведува во соопштението од основнито суд скопје 1“, соопшти Основен суд Скопје 1.

Георгиев е под сомнеж дека нудел погодности на синот на обвинетиот Боро Стојчев, екс  градоначалник на општина Ново Село во кривичното дело за шверц на марихуана.

„Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот,“ се наведува во првичното известување од обвинителството.

А, пак, второосомничениот е поранешниот народен правобранител и сегашен член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Тој е дојавен од пријавителот, но за него обвинителството нема докази за барање за притвор, туку бара да му се одредат мерки на претпазливост.

Канцаларијата на Мемети е претресена, а десетте илајди евра обележени банкноти се главниот доказ на обвинителите против судијата Георгиев. Но, начинот на кој тој ги примил со претходен надзор од полицајците е спорно за одбраната на Герогиев. Доцна по полноќ, судскиот совет заседаваше и одлучи да му го одземе имунитетот, да дозволи да се одлучува за притвор и ја стави во мирување судиската функција на Георгиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...