Народната банка со Одлука ги утврди условите под кои може граѓаните и правните лица да поседуваат сметки во странски банки

Објавил: Узунов Бобан | 1 март, 2019 9:13

Со новите измени: Еве кои се условите под кои може да имате сметка во странска банка

Фото/Текст извор: ©магазин

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки можат да отвораат и да имаат сметки во странство, којашто претставува усогласување со Законот за девизно работење по почетокот на примената на Одлуката за премин во втора фаза на асоцијација меѓу нашата држава и Европската заедница и нејзините земји членки.


Согласно со Одлуката, резидентите слободно можат да отвораат и да имаат сметки кај странски банки резиденти доколку: продале недвижен имот во странство, издаваат недвижен имот во странство, имаат стекнато недвижен имот во странство и коишто треба да плаќаат трошоци за недвижниот имот во странство, имаат во сопственост хартии од вредност во странство и треба да наплатат побарувања врз основа на продажба на хартии од вредност во странство, дивиденди, камати или други приноси врз основа на хартиите од вредност.


Покрај оваа одлука, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за извршувањето на Програмата за работа на Народната банка во 2018 година. Од Извештајот може да се заклучи дека и во текот на минатата година централната банка успешно ги остваруваше програмските активности во рамки на стратегиските цели предвидени со Стратегискиот план за периодот 2018 – 2020 година.

Исто така, Советот го усвои и Извештајот за работењето на внатрешната ревизија во 2018 година и ги одобри и Годишната сметка и финансиските извештаи на Народната банка за 2018 година.

Советот ги донесе и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за издавање дозволи и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за издавање согласности, коишто содржат усогласувања со Законот за изменување и дополнување на Законот за банките од јануари 2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.