Втор ден во топ 10 најзагадени во светот

Објавил: Калина Мартинска | 10 ноември, 2024 17:31

Со почетокот на грејната сезона Скопје повторно меѓу најзагадените градови

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со почетокот на грејната сезона Скопје повторно меѓу најзагадените градови , тоа го покажуваат последните податоци на Министерството за животна средина и просторно планирање, добиени од мерните станици во скопските општини.

Во текот на вчерашниот ден високо ниво на загадување бележат населбите Лисиче, Центар, Гази баба и Карпош. Речиси е несфатливо да имате јасни показатели кои се загадувачи, да знаете дека се истите фактори во прашање и да кревате раменици, вели Јовановски, креатор на апликацијата „Мој воздух“. Што се однесува до мерните станици дел се во функција, дел не се и се често расипани, во некои случаи пак веб страната не работи.

Јас не можам да сфатам како може во 21 век, сега ќе биде 2025 година, ние да не можеме 20 уреди да ги имаме активни цело време да мерат и да доставуваат информации. Смешно е.

Имаме неконтролирано загадување од страна на индустријата. Ние немаме 24 часа, континуиран мониторинг на секоја емисиона точка на секоја Аи Б интегрирана дозвола која што е издадена во државата. Ако ние не знаеме колку тие емитираат загадување и правиме од време на време некави најавени или ненајавени проверки како ќе знаеме навистина колку испуштаат тие гасови во атмосферата. – изјави Јовановски.

Се разбира тука се и домаќинствата кои се загреваат на дрва и на градежен шут и туку се поставува прашањето дали државата има стратегија за да им помогне на тие луѓе за да не бидат соучесници во загадувањето. Во однос на одредени ранг листи, често пати посочувани како листи на кои Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, Јовановски со став дека е многу важно да се знае и методологијата и критериумите на рангирањето, не само во една земја, туку и на глобално ниво.

Да, постојат други апликации, кои што не се онаа која што ние ја развивме Air Care кои што даваат на некој начин некое рангирање, но за жал не е објаснета методологијата на рангирањето. Значи ние како град Скопје или другите градови сме речиси секогаш на топ листите на најзагадени во Европа, во светот да, сме високо рангирани, но често има многу позагадени градови дали во Кина, дали во Пакистан, во Индија. Секако ние како град продолжуваме да сме на топ листите во Европа и секогаш е круцијаллно да ја знаеме методологијата на рангирањето. – изјави Јовановски.

Со години ситуација „лет во место“ во однос на решение на проблемот со загадениот воздух. Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид и овој пат се најзагадени градови во земјава. Според Јовановски да се пристапеше посериозно кон овој проблем немаше да се соочуваме со ситуација во која секоја година во земјава 5000 луѓе умираат поради загаден воздух.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.