Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2021 5:57

Со Села направивме коалиција за создавање иднина

Фото/Текст извор: ©магазин

„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате со политика и да обединувате. На крајот од денот ние во политиката не сме влегле со сето знаење кое што го имаме. Растеме, стекнуваме искуство, се обликуваме како политичари, нашата понуда ја обликуваме, ја адаптираме на реалната ситуација“, истакна вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.

Мицкоски додаде дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива е коалиција за создавање на иднината, а не да се навлегува во прашања кои што ќе создадат поделби.
Ако јас сега мојата кампања и коалицијата со Алијанса и Алтернатива ја градам на тоа што ќе направам негативна кампања потсетувајќи ги Албанците за Бит пазар, за Тетово, за Гостивар и така натаму, тогаш ова се што го зборам јас сега со вас овде е лага. А, тоа го прават овие од СДСМ и од ДУИ, креирајќи спотови, монтираат со мене и со господинот Села, со господинот Гаши. За каква иднина тогаш тие зборуваат“, праша Мицкоски.
Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...