Натпреварот во Гетеборг меѓу Шведска и Полска го судат македонските судии Начевски - Николов.

Објавил: Весна Петровска | 14 јануари, 2020 15:01

СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Стоилов изјави – освен дека се домаќни НИШТО НЕ МЕ ПЛАШИ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По комплетирањето на резултатите во две од групите познато е кои четири репрезентации со колку бодови продолжуваат во Главната фаза. Тоа се селекциите на: Шпанија (европски првак), Хрватска, Германија и Белорусија, со тоа што Шпанија и Хрватска имаат по два бода. Притоа шампионатот заврши за Црна Гора, Србија, Летонија и Холандија, објави Сител од Виена.

Натпреварот во Гетеборг меѓу Шведска и Полска го судат македонските судии Начевски – Николов.

Денеска на програмата се натпревари од 3.коло од три групи.
Б група Виена:
Македонија – Австрија (почеток 18:15 часот)
Украина – Чешка (почеток 20:30 часот)
Д група Трондхајм:
БиХ – Франција (почеток 18:15 часот)
Норвешка – Португалија (почеток 20:30 часот)
Ф група Гетеборг:
Словенија – Швајцарија (почеток 18:15 часот)
Полска – Шведска (почеток 20:30 часот).

Табела А група:

Хрватска 6, Белорусија 4, Црна Гора 2, Србија 0.

Табела Б група:

Австрија 4, Чешка 2, Македонија 2, Украина 0.

Табела Ц група:

Шпанија 6, Германија 4, Холандија 2, Летонија 0.

Табела Д група:

Португалија 4, Норвешка 4, Франција 0, БиХ 0.

Табела Е група:

Исланд 4, Унгарија 3, Данска 1, Русија 0.

Табела Ф група:

Словенија 4, Шведска 2, Швајцарија 2, Полска 0.

Пред натпреварот Стојанче Стоилов за Сител, даде изјава, еве што кажа:

– Ако победиме со два гола мислам дека носиме бодови што е многу важно. Натпревар кај што ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои грешки од натпреварот со Чешка кој според мене воопшто не беше лош, добро беше. Но, тие ситници ја прават разликата дали ќе победиш или не на крај. Така да се надевам дека ќе ги поправиме и дека ќе се израдуваме прво сами себе и цела нација, изјави Стојанче Стоилов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Јас сум горд што имам прилика да работам што вакви момци кои заслужуваат голема почит за се што прават за клубот и Македонија, тие се национални херои.“

Алушовски: Вардар во моите 10 години не бил во полоша ситуација – момците се национални херои!

Составот на Вардар вечерва успеа да дојде до убедлива победа над Мотор Запорожје од...

„Теле 2“Арената во Стокхолм беше „обоена“ во „црвено–бело“, во знакот на Хрватска, најмалку 10.000 фанови имаше на трибините.

Шпанија го одбрани европскиот трон- Хрватска не успеа да стане Европски шампион

Репрезентацијата на Шпанија успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство...

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Македонските судии Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето...