Со предлог уставните измени, особено во член 3 за територијалниот интегритет, Македонија ќе е гарант и за територијалната сувереност и непроменливост на границите на своите соседи

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 15:17

Со уставните измени Mакедонија ќе гарантира и туѓ територијален интегритет

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонија ќе го гарантира територијалниот интегритет за себе но и за соседните држави?!

Впрочем така барем владата предлага во документот за измена на Уставот.

Со измената на членот 3 кој владата го “стокми” по договореното во Нивици, ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите.

Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии. Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји. – стои во документот.

Но уставните експерти предупредуваат, со Уставот на Македонија не може да се гарантира суверенитет ниту политичка независност на соседните држави.

Во делот на не менување на границата предлогот содржи апсурд непознат во уставно-правната пракса. Во новиот амандман на члen 3 се предлага да се декларира почитување на суверенитет, територијален интегритет и политичка независност во соседните држави, прашања што веќе се уредени во меѓународното право, но и во уставите на соседните држави, велат уставните професори кои консултиравме.

Членот 3 беше и главниот трн во око за Грците бидејќи во него гледаа иредентизам:

Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот.

Со уставните измени уште во 1992-та, во Амандманот 1 беше додаден принципот на доброволност при промената на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми.

Уште пред 26 години Македонија со прифаќањето на измена  на овој амандман, се обврза дека нема територијални претензии кон соседите, но актуелната влада повторно се согласи на измена на нешто што веќе е договорено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби голема поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.

Официјално Гордана Силјаноска кандидат за претседател на Македонија

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски...

Очигледно Апасиев работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Савески : “Апасиев соработува со ВМРО ДПМНЕ, тој изврши пуч на Левица”

Здравко Савески кој е член на преизидумот на политичката партија Левица и основач...

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април,

Заев : „Ќе слетам во Грција со владиниот авион на кој ќе пишува Република Северна Македонија„

За Независната балканска новинска агенција (ИБНА) премиерот Заев изјави дека, прва...