Со тоа заврши церемонијата на инаугурацијата на Милановиќ како петти хрватски претседател.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 15:13

Со цвеќе и бакнеж Милановиќ ја испрати Колинда: Хрватска сега официјално има нов претседател!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Милановиќ, новоизбраниот претседател на Хрватска, чиј мандат започнува на полноќ, со цвеќе и бакнежи ја испрати досегашната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Со тоа заврши церемонијата на инаугурацијата на Милановиќ како петти хрватски претседател.

Во тој момент, оркестарот на хрватската армија ја изведуваше „Ние сме гарда на Хрватска“ на влезот од Пантовчак.

„Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството“, рече Милановиќ.

Претходно, во претседателскиот кабинет се одржа полчасовна примопредаја на должноста.

Локалните медиуми, исто така, потенцираа дека Зоран Милановиќ и неговата сопруга Сања  Милановиќ на церемонијата носеле модели од домашни дизајнери.

Зоран Милановиќ денеска положи заклетва во Пантовчак, со што стана петтиот претседател на Хрватска и трет по ред претседател кој доаѓа од редовите на Социјалдемократската партија.

Пејачката Јосипа Лисац ја испеа хрватската химна „Нашата убава татковина“, а потоа со минута молчење беше оддадена почит до сите оние кои ги дале своите животи за независна Хрватска.

„Независноста на медиумите, судството и научната јавност е од клучно значење во борбата против тиранијата. Наша цел е ниеден граѓанин да не се чувствува исклучен од општеството“, рече Милановиќ.

Со потпишувањето на заклетвата, Милановиќ стана претседател на Хрватска и таа функција ќе ја преземе утре, откако ќе се изврши примопредавањето на поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

– „Ситуацијата е драматична. Се приближуваме кон црното сценарио од Италија и Шпанија. Ве молиме, останете дома. Кризен штаб за сузбивање на СОВИД-19 – тоа е пораката до голем број српски граѓани.

Србите добија застрашувачки СМС пораки- се приближуваме кон црното сценарио,седете дома!

Една смс порака донесе страв и паника кај повеќето жителина Србија. Имено доцна синоќа...

Во прашање е стресот поради целата ситуација предизвикана од епидемијата на коронавирус, како и секојдневниот ангажман на мерките за спасување на животите на српските граѓани.

Заморот и стресот го направија своето: Вучиќ не се чувствува добро, не спие со денови за да и помогне на Србија!

Претседателот на Србија не се чувствува добро, рече министерот Синиша Мали денеска...

Клучна работа, вели тој, е да се развлече кривата на ширење вируси колку што е можно.

ЛУЃЕ ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ КАКО СИТЕ ДА СМЕ ЗАРАЗЕНИ- Доктор Гојковиќ открива како да го победиме Коронавирусот!

Провинцискиот секретар за здравство проф. Д-р Зоран Гојковиќ ги предупреди граѓаните...