Со измените на член 49 од Уставот на Македонија, во новиот на Северна, етничките заедници ќе имаат потврдена национална припадност, Македонскиот народ ќе е Северно Македонски

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 8:09

Со член 49 нема да има Македонски, но ќе има Албански народ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако премиерот Зоран Заев по носењето на амандманот за член 49 кој се однесува на националниот идентитет, изјави дека со тоа се потврдува Македонскиот, во основа кажа лага.

Според грчките толкувања токму таа измена ќе значи негирање во постоењето на Македонскиот народ, со што новата држава ќе има:

за Албанците: Македонско државјанство / националност Албанец

за Турците: Македонско државјанство / националност Турчин

за Ромите: Македонско државјанство / националност Ром

и така со сите етнички заедници, додека за Македонскиот народ, ќе гласи

Македонско државјанство / националност Граѓанин на Северна Македонија

Претходно на Собраниската Комисија за уставни прашања во расправата за четвртиот и последен нацрт амандман, односно за амандманот 36 со кој се предлага да се замени членот 49 од Уставот, што произлегува од потребата за имплементација на Договорот од Препа меѓу Македонија и Грција беа искажани голем број сомнежи за промена на овој член од уставот.

Со нацрт-амандманот, како што појасни премиерот Зоран Заев, се предлага и се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на историското и културното наследство на македонскиот народ, како и заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство и унапредување на нивните врски со татковината.

Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Тоа се прави на начин кој нема да предизвика нови кавги и проблеми со соседите, туку ќе гради трајно пријателство.

Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со кој треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Согласно  Договорот, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот да не може или не треба да се толкува на начин што претставува или кога било ќе претставува основа за мешањето во внатрешните работи на другата држава во каква било форма или за каква било причина, вклучително и заради заштита на статусот и правото на кој било лица кои не се нејзини граѓани. – рече премиерот Заев.

Со новата формулација на членот 49, потенцира, се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет.

Идентитетот на македонскиот народ е заштитен. Нема да има никакви промени во идентитетот. Се внесува обврска во Уставот за заштита и негување на македонскиот идентитет. Овој став е на предлог на новата пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Драго ми е што доаѓа вака надополнет зашто во последните неколку месеци тоа беше една од најотврените точки за дебата во земјава. Со тоа го затвораме и ова прашање со уште еднаш гарантирање на македонскиот идентитет во Уставот. – рече Заев.

Воедно нагласи дека внесувањето во Уставот на дополнителна заштита на македонскиот идентитет не е на сметка на другите заедници, бидејќи во членот 48 веќе има силни гаранции за иднетитетот на заедниците.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...