
Свет
Косово
Трагедија се случи во Призрен откако очувот на Диелза Хоти, пукал во нејзината мајка со 15 куршуми.

Жената која беше убиена од нејзиниот сопруг со кој била во брак неколку години, била мајката на потпретседателката на Алијансата за иднина на Косово и политичката советничка на косовскиот премиер кој од неодамна си даде оставка, Рамуш Харадинај, Диелза Хоти. Инаку Хоти е и лидер на младината на оваа партија, пренесува Газета Експрес.
Диелза Хоти ја објави веста преку фотографија што ја сподели на Инстаграм.
Почивај во мир моја мајко, ангел мој“, напишала ќерката на покојната.
Досега се знае дека 42-годишната жена била убиена по расправија што ја имала со нејзиниот сопруг, 20 години постар, 61-годишниот Б.В., со кој биле во брак неколку години. Двајцата се вратиле од одмор во Швајцарија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.