
Македонија
Вести
Денеска во 16.30 часот во Собранието почна седницата за избор на техничка Влада а седницата ја отвори мандатарот Оливар Спасовски.
Ова е време кога треба да се организираат фер и демократски избори, но и да се продложат евроатлантските преговори. Чест е, но и одговорност да се предводи власта. Ве уверувам дека како влада ќе ги преземеме сите неопходни мерки, ќе имаме конекција со сите релевантни институции за организација на предвремените парламентарни избори. Апелирам до опозицијата да се охрабри и да биде дел од овој процес, да се тргнат сите флоскули на политиканство и да испорачаме резултати, кои не смеат да бидат ни милиметар помалку од успешен изборен циклус, порача Оливер Спасовски.

Новиот технички премиер кој ќе ја води Владата 100 дена до изборите закажани за 12април рече дека во периодот што претстои ќе се фокусираат на организирање фер и демократски избори.
Порачувам дека не треба да има застој во работата на владата и министерствата. Оваа влада ќе ја има честа да го верификува членството во НАТО, а со тоа ќе го исполниме 20-годишнот стремеж на државата да стане дел од алијансата. Реформите за влез во ЕУ мора да продолжат, да работиме заеднички кон таа стратешка цел. Исто така, треба да продолжат и реформите во првосуството, да се справиме со криминалот, корупцијата. Сите обврски ќе се реализираат во рамките на транспарентна и одговорна и отчетна влада. Ве уверувам дека како прв човек ќе ги вложам сите свои капацитети и знаења преодната влада да биде на ниво на задачата и да го исполни сето она што го почна Владата на Зоран Заев“, истакна Спасовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.