
Македонија
Вести
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостување во емисијата 24 анализа на Телевизија 24, изјави дека граѓаните по настаните во собранието на 27 април, изгубиле доверба во македонската полиција.
Тој вели дека како министер се труди да ја доближи македонската полиција до граѓаните, и повторно да ја врати довербата.

Оливер Спасовски говори за сообраќајната среќа кај Ласкарци. Тој вели дека безбедноста на сообраќајот е едно од клучните прашања на кое ќе се посвети поголемо внимание, но вели тоа зависи од сите нас и од свеста за можните последици за непочитување на прошишаните равила и прописи. Додава дека МВР врши контроли врз станиците за технички преглед, а за тоа има и детални прикази.
Министерот за внатрешни работи вели дека имаат превземено многу постапки во врска со бегството на Никола Груевски, и вели дека имаат информации кој точно помогнал за неговото бегство. Тој додава дека поранешниот премиер ќе биде вратен во државата.
» Едно е важно, Никола Груевски ќе дојде и ќе се врати во Република Северна Македонија, односно ќе го вратиме и ќе мора да одговара за сите злодела и криминали кои ги направил. Вие гледате дека сега има истрага и во делот на настаните од 27 април, јас очекувам дека сите тие прашања ќе ги засегнат не само граѓаните на нашата држава, туку и граѓаните на ЕУ бидејќи борбата против криминалот е број еден во европските интеграции.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.