Случувањата во СДСМ е една од темите на кои разговараме со Оливер Спасовски, кој беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.
Спасовски вели дека единствното во СДСМ постои, а потоа истакна дека е добро да има и друг кандидат за претседател на партијата.
На прашањето дали Оливер Спасовски се гледа како иден лидер на СДСМ тој одговори:
Не размислувам на таа тема. Сметам дека на еден лидер на партија кој донесе многу важни одлуки во корист на државата, многу храбри одлуки, кој успеа во изминатите години да го сруши режимот, заслужува да му се даде нова шанса.
Спасовски го повтори ставот на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев кој рече дека одлуката на Бугарија е тешка геостратешка грешка.
Ние имаме една сериозна геостратешка грешка на Бугарија, која ги негира своите ставови, и мотото со кое претседаваше со ЕУ, а тоа е да направиме се за Балканот. Неотворањето на европската перспектива на земјите од Балканот, нема да донесе штета само на Северна Македонија и на Албанија, ќе нанесе сериозна штета и на Бугарија“, рече Спасовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.