Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 декември, 2019 11:15

Спасовски: За мене е поважен интегритетот на граѓаните отколку дали ќе бидам технички премиер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари. Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата, како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат”, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Медиумите на големо шпекулираа дека Спасовски ќе ја предводи техничката Влада по 3 ти јануари

Тој вчера додека траеше акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре” на прашањето дали се точни гласините кои пред извесно време беа објавени во медиумите дека тој ќе биде технички премиер кој ќе ја води државата до изборите закажани за 12 ти април на што не одговори дали по 3 јануари ќе ја превземе функцијата и дали е подготвен за таа позиција. 

Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

 Јас сум посветен и овие 20 дена сакам да ги одработам максимално посветено на проектите на Министерството за внатрешни работи и напоменав дека одлуките во однос на технички премиер, идна Влада и така натаму, ќе ги разговараат партиските органи и тела, а какви и одлука да донесат, тоа е одлука која треба да се почитува – нагласи вчера Спасовски.

Министерот посочи дека тој што размислува само на која позиција ќе оди, не треба воопшто да биде на ниедна од позициите.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...