Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата презема мерки во врска со инцидентот што го предизвика охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини, а по целосното комплетирање случајот ќе биде предаден до Обвинителството за натамошно постапување.

Објавил: Весна Петровска | 31 јули, 2019 14:50

Спасовски за Усеини: Тој човек се однесувал насилнички и ќе одговара поради тоа

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата презема мерки во врска со инцидентот што го предизвика охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини, а по целосното комплетирање случајот ќе биде предаден до Обвинителството за натамошно постапување.

– Тоа е состојба на човек кој се однесува крајно неодговорно, насилнички. Тој е повикан во полициска станица, земени се изјави, а се земаат изјави и од други сведоци очевидци на целиот настан и сите елементи што ќе бидат исполнети за кривично дело ќе бидат доставени до Јавното обвинителство. – изјави министерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање до каде е случајот со инцидентот направен од страна на Усеини.
Спасовски апелираше Јавното обвинителство да постапува и сите заедно, потенцира, да се спротивставиме на насилничко и незаконско однесување без разлика кој од каде доаѓа.

– Ако некогаш борбата беше во државата за слободен демократски свет и развој, сега е моментот да се бориме сите заедно чесни, одговорни правдољубиви луѓе против криминалците, арамиите и бандитите во државата. Останувам на тој став и ги повикувам сите граѓани заедно да се избориме затоа што ова е битката што не смееме да ја изгубиме. – изјави миностерот Спасовски, по денешната посета на Полициската станица Карпош и локалната самоуправа, по што заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев присуствуваат на седница на Локалниот совет за превенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време...

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

Мухамед Зекири позитивен на КОВИД-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен...