Доколку здравствената состојба е стабилизирана во државата, 22 дена по завршување на вонредната состојба, избори ќе има

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 9:30

СПАСОВСКИ: Избори ќе има 22 дена по завршување на вонредната состојба!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за ТВ Клан, рече дека доколку се стабилизира здравствената состојба во државата, избори ќе има 22 дена по престанокот на вонредната состојба, која претседателот Пендароваски ја продолжи за нови 14 дена, и ќе трае до 30-ти мај.

На вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски дадени повеќе предлози за изборен датум: Заев е за избори во јуни, Ахмети за јули, Села за август, Мицкоски за септември. Изгледите за консензуален изборен датум засега се мали.

„22 дена по престанок на вонредната состојба, во Северна Македонија ќе им избори, како што налагаа Уставот. Сега вонредната состојба е продолжена за 14 дена, што значи заавршува некаде на 30 мај. Ќе видиме дали ќе им потреба од нејзино продолжување. Доколку здравствената состојба е стабилизирана во државата, 22 дена по завршување на вонредната состојба, избори ќе има“-рече Спасовски.

Спасовски на прашањето дали ќе биде укинат полицискиот час по завршување на вонредната состојба не даде конкретен  одговор и додаде дека всушност тоа е една од најефикасните мерки за спречуваање на ширење на коронавирусот.

Според Спасовски техничкиот министер за внатрешни работи Чулев директно ги опструира епидемиолошките мерки, водејќи се по неговата изјава дека нема да ги казнува граѓаните.

Инаку вчера и претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за Канал 5 го делеше истиот став со Спасовски. Според Заев возможни се избори на 21 јуни!

-Здравјето на граѓаните е пред се. Ние сме парламентарна демократија и Собранието мора да функционира и да има политичка Влада која ќе носи храбри одлуки. Во вакви околности кога немаме договор, остануваат термините, односно 22 дена од завршување на вонредната сосотојба да се одржат избори. Вонредната состојба завршува на 30 мај, на 21 јуни се изборите. Прашањето не е што сакаме, кога нема договор кога нема договор во секоја земја останува Закон и владеење на правото. Мора да се почитуваат законите, а законот вели изборите се на 21 јуни. Тоа може да се одложи ако се продолжи вондредната сосотјба, но за таа да продолжи мора да има сериозен аргумент. Треба изборите да се одржат согласно законските рокови, истакна претседателот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.