
Живот
Интервју
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, рече дека изборите врз основа на политичките субјекти се договорени за 12 април, со тоа што една од клучните точки е да се влезе во НАТО. Очекуваме дека ќе се заврши тоа и на крајот да се ратификува во Собранието на Република Македонија, вели Спасовски.
Министерот Оливер Спасовски рече дека има нешто што е труло во системот на правосудството, тоа е нешто што секој од нас треба да го земе предвид.
Мотото нема правда нема мир, тоа е мото кое го очекуваат граѓаните. Неколку пати објаснувам, треба да се знаат факти за истрагите. Факт е дека целокупната истрага ја води Јавното обвинителство. МВР постапува по насоки од Јавното обвинителство. За секој предмет ние мораме да го доставиме до ЈО“, истакна Спасовски.
„Изборите врз основа на политичките субјекти се договорени за 12 април, со тоа што една од клучните точки беше да се влезе во НАТО. Очекуваме дека ќе се заврши тоа и на крајот да се ратификува во Собранието на Република Македонија. За одложување треба субјектите да одлучат, сега го имаме 12 април, но клучно е влегувањето во НАТО. Ако дојдеме до ситуација дека треба да се одложат, ќе седнат субјектите на маса. Важно е да тргнуваме од интересите на државата, не од интересите на партиите“, рече Спасовски.
“Планот за живот беше сериозен план кој го насочивме во изборна програма и токму таа програма е дел од програмата на владата и многу проекти се реализирани во роковите и пред роковите. Ние до крајот на ноември имаме 2 години и шест месеци, а во тој период имаме три изборни циклуси. Ефективната работа е не повеќе од година и 6 месеци“, вели Спасовски.
За екс обвинителката Катица Јанева, министерот рече дека и упатил критика уште во јануари годинава за притворањето на одредени осомничени и нивно ослободување.
– Укажувањата дека не може да се стави Орце Камчев во притвор, а потоа да се пушти дома, според мене е доволно за сомневање дека има нешто што не е во ред. Не мислев дека Јанева ќе дојде до оваа позиција, затоа што според одговорноста што ја добила да исполни одредени цели не смее да си го дозволи тоа, затоа што има одговорност кон граѓаните. Овде се работи за институција која што требаше сериозно да се спротистави против криминалот. Таа институција не дека не го исполни очекувањето. Направија многу добри работи кои ги гледаме низ предметите кои што ги водат. На основа на тие истраги кои ги водат обвинителите од Специјалното обвинителство има пресуди и ќе има пресуди и никој неможе да ја избегне таа одговорност, нагласи Спасовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.