
Живот
Интервју
Вечерва во „Само вистина“ гостин беше министерот Оливер Спасовски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.
Спасовски: Ако зборуваме за тоа дали има потреба од софтвер за безбедност во сообраќајот при кој ќе нема човечки фактор ќе одлучува, да, има потреба. Но според тоа што е направено нарачателот е Генералниот секретаријат на Владата. Се води постапка за овој случај и институциите ќе испитаат и тоа е важно.
Спасовски: Првичната истрага покажува дека тие кои добивале пасоши, не биле присутни тука, не доаѓале, тоа го одработувале лицата од МВР, во организација со лица и надвор од министерството.Важно е дека институциите реагираа веднаш, спроведена е истрага, ги имаме сторителите, и таа ќе се проширува, но добар дел од пасоши биле изработени и во времето кога Чулев беше министер за внатрешни работи.
Спасовски: Токму еден од уапсените луѓе во акцијата „Двојник“ е оној што ги извадил документите на 27 јануари и тие документи од тој датум се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа лице работи во правните служби токму на издавањето на личните документи.
Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.