Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 15:35

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите на прогонот од ресорното министерство, и ги отвори “можностите” на Јанева да побара притвор за најмалку 100 лица.

Имено Спасовски на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка по бегството на пратеникот Никола Груевски, изјави дека нема да го направи тоа и дека виновни за чинот не се припадниците на МВР туку судиите кои навремено не изрекле мерки притвор туку го оставиле обвинетиот слободно да шета низ државата.

На ова се огласи и Јанева, изјави дека чека потврда дека обвинетиот Груевски е во бегство по што СЈО ќе изготви листа на приоритетни осомничени за кои ќе побара времена мерка притвор како безбедносна гаранција.

Воедно ингеренциите дека Обвинителството, било тоа Специјално или “обично” е тоа што решава за притвор ги потврди и претседателот на Кривичниот суд Скопје, лично.

Не може судот самоиницијативно да определува мерка притвор, тоа е секогаш по барање на Обвинителството. Во случајот „Тенк“ од самиот почеток на подигање на обвинението до соопштување на одлуката од страна на Обвинителството во ниеден момент не е побарана мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски. – изјави денеска претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Посочи дека двата пасоши на Никола Груевски и дипломатскиот и неговиот личен пасош се одземени и определена е мерката јавување во предметот „Титаник“, додека во предметот „Тенк“ нема никаков предлог ниту за обезбедување на некаков  имот, ниту предлог за  некакви си мерка за  обезбедување негово присуство.

МВР точно е дека постапува согласно наредбите и решенијата коишто ги носи Судот, меѓутоа не треба да заборавиме дека постапува и согласно наредби коишто се даваат од страна на Обвинителството, како и самоиницијативно кога станува збор за сузбивање на криминал или спречување еве во конкретниов случај некое лице без пасош да ја напушти нелегално државата доколку се воспостави дека такво нешто се случува. – појасни Џолев.

Во однос на објавата социјалните мрежи на поранешниот премиерот Никола Груевски во која вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти, Џолев рече дека тоа треба надлежните државни органи најпрвин да го утврдат од каде е воспоставен линкот, дали станува збор за  преусмерување на истрагата  и слично.

Во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта, и за тоа го извести судијата за извршување санкции, судијата веднаш ќе издаде наредба за распишување на меѓународна потерница. – посочи Џолев.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...