Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 19:53

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството на поранешниот премиер, актуелен пратеник, Никола Груевски е невозможно без знаење на власта.

Имено ирационално и надвор од здравиот памет е главниот “осомничен” за декадното “режимско” владеење, осомничен како ко-нарачател за прислушкуваните разговори и осомничено лице во над десет (10) истраги на СЈО под водство на Катица Јанева, сам или со помош на било кого а без знаење на власта да успеал да избега од Македонија.

Груевски беше и остана симболот на “злото” поради кој СДСМ и покрај победата на ВМРО – ДПМНЕ на предвремените избори за пратеници 2016 година, успеа да формира нова владина коалиција со стариот коалиционен партнер ДУИ.

Познавачите на безбедносните структури, просто не можат да опојмат како при сите можности и мерки за обезбедуvање, Груевски успеал да биде невидлив за органите на прогонот цели четири дена.

Спасовски прилично мирно и нормално ја прифати информацијата дека Груевски пребегал во Унгарија. За првиот човек на МВР, тоа што осомничениот Никола Груевски на кого му се броеле часовите за одење во затвор, а никаде го немало четири дена, е сосема нормално однесување.

Имено делумно е точна информацијата дека Груевски го отповикал обезбедувањето во четвртокот. По протокол, тој не повикува и отповикува, него по Закон му следи протоколарно обезбедување од шест лица за онолку години колку што бил премиер на Македонија, во дадениот случај, 10 години.

Обезбедувањето кое е под директни ингеренции и команда на Шестата полициска управа не е приватно обезбедување, туку државно и истото обезбедува 24 часа, седум дена во неделата, освен кога тоа е во својот дом, при што се користи т.н. стражарско обезбедување, што го имаме и во случајот на Груевски, со полициската куќичка пред влезот од зградата каде е неговиот дом. – ни изјави поранешен функционер во безбедносните структури.

Изјавата на Спасовски дека по отповикот на обезбедувањето во четвртокот, МВР четири дена не презело никакви акции за обезбедување информации каде се движи Груевски во најмала рака се несериозни и сензационалистички.

МВР имало обврска согласно кривичните дела за кои се гони Груевски да обезбеди и свое следење, и тоа како не информираат лица од безбедностата фела е пракса и протокол кој ни во случајот на Груевски не бил изоставен. МВР постојано знаелo каде е Груевски и со кого остварува средби, без разлика дали доделеното полициско обезбедување било во непосредна или умерена близина.

Воедно против Груевски како симбол на прокламираниот декаден “режим” и судот, и Јавното обвинителство но и Катица Јанева, побарале и добиле времени мерки на претпазливост, согласно овластувањата, како Груевски сеуште е актуелен пратеник во законодавнот дом, а со тоа и уживател на пратеничкиот имунитет.

На Груевски како лиферуваат од судот, му биле одземени и личниот и дипломатскиот пасош, иако по Закон едно лице смее да поседува една патна исправа. Груевски имал времени мерки на претпазливост за неделно пријавување во Кривичниот Суд во Скопје, т.е. месечно пријавување при Апелациониот Суд во Скопје.

Заев во владиниот кабинет има само еден човек од безусловна доверба. Актуелниот министер за внатрешни работи, поранешен генерален секретар на СДСМ кој има за цел да и овозможи на Јанева и СЈО сигурност дека обвинетите во нејзините случаи ќе одат во затвор.

Под такви мерки, се граничи со лудост, Спасовски како носител на командната одговорност на МВР а со тоа и самиот премиер, Зоран Заев да не знаеле каде им е главниот осомничен цели четири дена.

Во јавноста се објавија бројни шпекулации но и истражувачки текстови кои се покажаа за точни, во делот како се реализирало сценариото. Имено се шпекулира дека Груевски државата ја напуштил преку Србија, од каде се упатил за Унгарија. Постапката според информации од безбедносните ограни морала да биде со знаење на дуото Спасовски – Заев.

Поранешен висок функционер во безбедносните структури случајот го компарира со грабеж. Да се организира група од Косово, па да допатува со возило во Скопје и да ја ограби централата на една банка и низ нелегален граничен премин да успее да побегне, и некако да ми е јасно.

Лице за кое актуелната власт имаше најстроги мерки за следење и на кое се знаеше дека му се закануваат казни затвор, за што и беше следен, едноставно е луцидно да се помисли дека се самоорганизирал или побегнал од Македонија без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски цел ден се обидува да го отфрли овој сомнеж, но залудно. Индиректните недоречености ги потврди и самиот со изјавите:

Сопругата на Никола Груевски вчера била дома и им овозможила на припадниците на МВР да извршат проверка, а денеска истото е направено и во домот на неговата мајка. – изјави Спасовски

Спасовски тврди дека Груевски не избегал преку воздушен пат, туку преку ,,зелени” премини преку границата кои не можат херметички да бидат затворени.

Воедно Спасовски и со лаички одговор зошто МВР не го побарала Груевски за кој се знаело дека треба да оди затвор.

Во четвртокот вечерта во 23:30 часот обезбедувањето на Груевски го оставиле дома , тој им рекол дека утре ќе биде редовно. Во петокот утрото тие биле пред зградата , но не можеле да стапат контакт со него. Груевски има и приватно обезбедување , освен обезбедувањето од МВР . – вели Спасовски . И претходно се случувало Груевски да не ги побара со денови , така што не се посомневале.

Според нашите информации, Никола Груевски во Унгарија веднаш поднел барање за политички азил на име политички прогон, кое согласно законот ќе се разледа по скратена постапка. Воедно по официјализирањето на неговото бегство, Собранието на Македонија согласно дополниелната казна од 5 години за бегство има право да му го укине пратеничкиот мандат согласно членот дека пратеникот е осуден на казна со времетраење подолго од пет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.