Спасовски во обид за спас на министерската фотелја со изјава дека сите гранични премини биле информирани дека Груевски не смее да ја напушти државата, недостига само доказ

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 6:51

Спасовски и по 10 дена не знае како Груевски им избегал пред “нос”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Груевски избега, јавноста очекува одговори, но досега ниту некој одговарал, ниту пак е кажана утврдена временска траекторија од бегството на осудениот поранешен премиер.

Министрите се правдаат дека истрагата треба да ги открие и одговорите и одговорноста. На сите гранични премини имало информација дека Груевски не смее да излезе од државата, рече Спасовски, а неговата колешка Шекеринска е убедена дека дадениот азил во Унгарија нема да влијае врз македонското членство во НАТО.

По бегството на Груевски, се уште никој не е земен на одговорност.

Министерот Спасовски не соопштува дали е точна верзијата на бегството која ја кажа српскиот претседател Вучиќ, дека Груевски по полноќ на 11-ти ноември ја напуштил Македонија легитимирајќи се и во друштво на двајца Унгарци.

Алибито за неодговорањето е тоа што истрагата трае и треба да утврди кој е одговорен.

Тоа што Унгарија, земја членка на НАТО и ЕУ, поверува во приказната на поранешниот премиер и му одобри азил затоа што е жртва на политички прогон во Македонија, смета потпретседателката на владата Шекеринска која не го гледа како пречка за скоро членство во алијансата.

Заминувањето на Груевски, наместо во правец кон Шутка, 800 километри подалеку во Будимпешта покажа и дека надлежните институции немаат ниту врска едни со други за вакви сензитивни случаи ниту пак се координираат. Сега поради поранешниот премиерот, актуелната власт ќе се обиде да ги поврзе оние што гонат криминал, за да не им бегаат осуденици користејќи ги празнините во комуникација.

Досега министерот и надлежните не излегоа со утврдени факти како Груевски избегал од Македонија до Унгарија преку 3 балкански граница и со дипломатски унгарски возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено како што објави Фокус, пратеникот утре треба да ги предаде снимките што  ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Рускоска го повика Милошоски- пратеникот утре во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Антонио Милошоски , пратеникот од најголемата македонска партија, ВМРО-ДПМНЕ, утре...

Тој зад себе остави бројни хитови а честопати луѓето го нарекуваа и „амбасадор на македонските песни“.

РЕГИОНОТ ВО ТАГА- Почина познатиот македоснки пејач кој зад себе остави бројни хитови

Денеска почина легендарниот македонски пејач кој е роден во Прилеп, Ѓорѓи Желчески.  Тој...

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

Каракамишева: „Бомбата“ за Заев е само потврда дека тој диригира со судството и обвинителството!

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски...