Мартин Нешкоски - Пуци беше момче кое беше брутално претепано до смрт од страна на припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ на плоштадот „Македонија“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 октомври, 2019 20:31

СПАСОВСКИ: МВР нема никаква надлежност за бегството на Спасов, тоа е под Министерството за правда!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека потрагата по Игор Спасов, убиецот на момчето Мартин Нешковски, започнала веднаш откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа во затворот Идризово.

При издржувањето затворска казна МВР нема никаква надлежност, тоа е под Министерството за правда, КПД ги донесуваат одлуките по нивни проценки што треба да соодветствуваат на соодветни сознанија дали и во кои услови затворени лица треба и може да бидат привремено пуштани на слобода, рече Министерот Спасовски.

Игор Спасов, осуден на казна затвор од 14 години и шест месеци за убиството на Мартин Нешковски вчера побегнал од затворот Идризово. Се вратил сам околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба, пишува Досие.

Мартин Нешкоски – Пуци беше момче кое беше брутално претепано до смрт од страна на припадник на специјалните полициски сили „Тигри“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје за време на одржување на прославата на изборната победа на владејачката политичка партија ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2011 година. Неколку дена подоцна Нешкоски бил погребан на гробиштата во село Нерези во присуство на членови од неговото семејство, пријатели и граѓани кои сакале да му оддадат последна почит.
Од страна на официјалните претставници на МВР во почетокот овој случај бил прикриван од јавноста.

По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешковски Спасов беше пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување.

Но, благодарение на активностите на наменската заедница на Twitter која успеала да го анимира својот протест излегувајќи на мирни протести низ улиците на Скопје, официјалните лица на МВР биле приморани да ги откријат вистинските причини за овој настан.
Според мајката на Нешкоски, момчето за време на прославата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се обидело да се качи на бината за да го прегрне премиерот, кога било спречено во тоа а подоцна претепано до смрт. 

Во почетокот МВР на прашањата на новинарите излегло со тврдење дека не знае за таков случај. Подоцна дека имало случај, но на момчето му се слошило и починало од природна смрт без видливи траги на насилство.
Директорот на Судска медицина Алексеј Дума обзнанил дека „момчето починало поради крварење во мозокот, откако примил неколку удари во главата“,додека траела обдукцијата на Нешкоски во понеделникот наутро, до 12 часот и 30 минути, таму биле и претставници на МВР иако неколку часа порано на прес конференција портпаролот на МВР Иво Котевски изјавил дека „Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате било какви сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот.“

Полицијата уште два дена не ја признаваше смртта на Мартин Нешкоски.

Истовремено семејството Нешкоски трага по својот син и брат.

„Од страна на Секторот за внатрешни работи – Скопје, по дознавање на настанот, излезено е на лице место, известен е дежурен Истражен судија и Јавен обвинител, кои не излегле на лице место, а увидот го препуштиле на одделот на криминалистичка техника при СВР – Скопје “, изјавила Гордана Јанкулоска министер за внатрешни работи, што пак е контрадикторно со првичната изјава на портпаролот дека МВР не знае за овој случај.

МВР реагира до Facebook за отстранување на информациите и формираните групи во врска со овој настан и facebook истите ги брише.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...

Базата Усени ја направи во јуни минатата година, а за неа, нема ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува статусот УНЕСКО на Охрид.

(ВИДЕО) Денеска се руши бетонската база од советникот Нефи Усеини

Денеска се руши бетонската база која без никаква документација и спротивно на законот,...