Тој посочи дека од моментот кога се добива сознание дека е можно да се изврши бегство, МВР ги применило сите полициски овластувања.

Објавил: Перо Милчин | 24 февруари, 2021 10:33

Спасовски: Мијалков бил цело време во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/прес 24

Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена. Тој цело време бил во Скопје. Се преземаа низа на опсежни мерки за негово утврдување, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за емисијата „Утрински брифинг“, а пренесе прес 24!

 -Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство.

Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електорнски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај, вели Спасовски.

Тој посочи дека од моментот кога се добива сознание дека е можно да се изврши бегство, МВР ги применило сите полициски овластувања.

Ние практично не можевме да преземаме, ниту сме имало обврска, налог, било каква активност во однос на движењето на Сашо Мијалков. Од моментот кога се добива сознание дека е можно да се врши бегство, ние ги применуваме нашите полициски овластуивања, што значи вие можете да преземете прикриено полициско набљудување од јавни површини. Секако дека ова не е ефикасна метода, но таа е дозволена со закон. Ние заради преземањето на овие мерки кои беа со прикриеното полициско дејствуање и во насока на очекувањето на решението за определувањето на мерката притвор, се преземаа сите активности во тој момент, вели Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...

„Во неколку наврати имам кажано, таа партија сè уште се води и се управува од Мала Речица. Сè додека е така мислам дека одиме во погрешна насока. Но, можам да му

Димитриевски: Ние Македонците УЧК ја чувствуваме како окупациона сила

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата...