
Македонија
Инциденти
Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски!
За жал и денеска заедно со министерот Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски посетивме наш колега во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, кој ноќва, додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски“, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго“, управувано од А.Д, вели Спасовски!

(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните.
Уште еднаш би сакал да нагласам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат, потенцираше министерот!
Граѓаните на Битола денеска излегоа на протест против полициската бруталност.
Ваквиот протест следува откако пред некој ден битолчанец беше брутално претепан со клоци и пендрек од страна на полициски службеник!
Имено, во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција посочи дека поднесена е кривична пријава и суспензија за полицаецот, а суспендиран е и уште еден полицаец, кој бил присутен за време на инцидентот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.