Од директно одговорно лице за превенција за настаните од 27-ми април, Агим Нухиу остана заменик министер и во оваа власт и е сведок, а не обвинет за инцидентот во собранието

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 6:08

Спасовски на грешка откри колку е “виновен” тогашниот министер Нухиу

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во сведочењето пред судот за настаните на 27-ми април Министерот за внатрешни работи, вице-премиер и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски изјави дека во еден момент додека траеле немилите настани во прес салата, тој побрал од Талат Џафери да му се јави на тогашниот министер Агим Нухиу и да побара од него помош, односно интервенција на полицијата.

Џафери му се јавил на Нухиу и тој рекол дека ќе интервенира, но според зборовите на Спасовски – „таква интервенција немаше“.

Овој момент во сведочењето на Спасовски укажува на повеќе проблеми во случајот и самото обвинение. Прво, се потврдува дека Нухиу имал можност да интервенира, а не сета одговорност да се префрла на другите луѓе од МВР кои денес се судени за тероризам, бидеќи Агим Нухиу не е меѓу обвинетите.

Спасовски добро знае што зборува бидејќи е Министер за внатрешни работи и ги знае своите ингеренции.

И второ и поважно: се потврдува тенденциозноста на обвинението кое има многу слаби точки со кои никако не може да се оправда квалификацијата за терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија, а една од нив е токму манипулацијата со „златните, сребрените и бронзените команди“ во МВР која долго пред да се појави самото обвинение беше изнесувана од некои новинари кои се чини имаа задача „да го спремат теренот“ за „линч“ на Чавков и другите луѓе од МВР опфатени со овој случај.

Обвинителството и покрај тоа што ги знае овие факти (како што знае и дека нема никаков „тероризам“ во настаните од 27-ми април) сепак ги изнесе во обвинение, на кое му претходеше истрага и притвор за сите тогаш осомничени, а сега обвинети луѓе.

Тогашниот министер, а заменик министер и во времето на ВМРО – ДПМНЕ и во сегашната власт за внатрешни работи Агим Нухиу ќе се појави како сведок на едно од досега закажаните 65 рочишта, поточно на она закажано за 21-ви септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката...

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н"

Јоци до Митовски од Инфомакс: Ти си далеку од новинар, немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот...

Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка...

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Митовски од ИНФОМАКС: “Класична закана и притисок од ЗАЕВ да не се објават информации за Рекет”

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција,...