„Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот“ – напиша Ел Чека и порачува.

Објавил: Весна Петровска | 11 јули, 2019 10:09

Спасовски одговори за заканите на Ел Чека: Безбедна е целата територија на државата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ел Чека пред неколку дена објави нова закана до премиерот Заев на социјалните мрежи во која порачува ако нема меѓународна истрага за Диво Насеље во среде Скопје ќе се случи уште едно Куманово.

„Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот“ – напиша Ел Чека и порачува.

Спасовски изјави дека безбедносната состојба е стабилна, мирна и без индиции за нарушување

„Ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага. Имаме толку крв за да истураме на корените на дрвото на слободата, и имаме многу животи да дадеме за да го запреме одземањето на нашите животи од страна на државата монструм и нивните ортаци од ДУИ. Одлуката донесете ја вие премиере на заробените“. стои во неговата објава.

Министерот Спасовски денеска од страна на новинарите беше прашан какви се безбедносните проценки по најавите на Ел Чека „ дека е можно да се случи ново Куманово на среде Скопје“.

-МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба, истакна Спасовски кој утрово проследи дел од селекцијата на кандидадтите за нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Меѓу другото, тој информира дека во МВР постои посебен оддел што се занимава со компјутерски криминал, а веќе се подготвува заеднички со Министерството за одбрана и со Министерството за администрација и информатичко општество стратегија за сајбер безбедност, но тоа е тема која се развива не само кај нас и во регионот, туку генерално и во светот, затоа што досега недоволно се посветувало внимание на тие хибридни напади.

-Одделот за компјутерски криминал во МВР работи секојдневно и во делот на говорот на омраза и во делот на нападот на сајтови…Така што во тој дел се развива и технологијата, меѓутоа и нашите капацитети се јакнат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Од денес 24 часовен карантин за време на викендите во Куманово!

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните можности

ВРЕМЕ ЗА СОЛИДАРНОСТ: Белески ги повикува сите кои се во можност да донираат за медицинскиот пероснал!

Со помош на одделни членови на црквата од Триенген во Швајцарија како и спортското...

Според Гласот на Америка, тоа е половина од светското население каде што на повеќето луѓе им било наредено да бидат во карантин за да го спречат понатамошно ширење на коронавирусот.

Половина од светското население во изолација поради Коронавирусот: Карантин и полициски час во повеќе од 90 држави!

Пандемијата на коронавирус се шири низ целиот свет и од денес на глобално ниво, бројот...