Целта, додава, не е преку носењето на акцискиот план да видиме полицаец или војник пред секој ковид центар, туку тоа ќе се прави врз основа на оперативните сознанија и потреби.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 ноември, 2020 20:20

Спасовски: Полициски час и затворање на државата е опција во наредниот период

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Досега не е предложена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период – да. Ако имаме прогресирање на пандемијата, зголемување на ширењето на болеста секако треба да се преземат дополнителни мерки, но тие мора да бидат димензионирани на потребите кои ги налага одредена ситуацијата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневникот на Сител, а пренесе Фокус!

Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати.
 
– Според анализите кои се правени во Комисијата за заразни болести, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот кај населението, тоа веќе ќе го почувствуваме наредните денови, но тоа не значи дека тој тренд може така да се задржи. Ако имаме тренд на зголемување на нови заболени и ако има таква потреба, Владата е тука да носи нови одлуки кои значат и рестриктивни мерки. И сега сме подготвени да имаме нови мерки. Државата е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата, тие се клучни работи за да може да опстане државата, рече Спасовски.

Поддршката од Армијата за време на прогласената кризна состојба, вели тој, не е заради инцидентите, туку да и се олесни на македонската полиција која треба да ги остварува надлежностите и во другите области.

Целта, додава, не е преку носењето на акцискиот план да видиме полицаец или војник пред секој ковид центар, туку тоа ќе се прави врз основа на оперативните сознанија и потреби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...