
Македонија
Закони
На својот офивцијален Фејсбук профил, техничкиот премиер на државата Оливер Спасовски најави дека на почетокот на мај, би можел да се врати животот во нормала, односно по првомајските празници.

– Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.
Имено пред два дена тој на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 ја информираше јавноста дека се работи на план за вражање во нормала после 1 Мај. Посочи дека најпрво со оглед на тоа дека во државава претседателот Пендаровски прогласи нови 30 дена вонредна состојба, најпрвоќе се започне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.
Денеска граѓаните во државава го поминуваат последниот ден од 85 часовниот карантин, кој беше воведен за време на Велигденските празници, и започна од петок 16:00 часот а ќе трае заклучно до утре до 05:00 часот наутро.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.