Спасовски истакна дека за овие три и пол години се реконструирани 54 објекти, додека во моментов интензивно се работи на реконструкција и санација на четири објекти, и тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица Ресен, Полициското одделение Ростуше во Општина Маврово – Ростуше и Војничкиот клуб во Касарна Илинден за потребите на Специјалната антитерористичка единица – Тигар.

Објавил: Перо Милчин | 2 април, 2021 13:17

Спасовски: Реконструирано полициското одделение во Дојран, продолжуваме со подобрување на условите за работа на полицијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Со оваа работна посета имаме за цел непосредно да се увериме во она што за нас е од особена важност – санацијата и реконструкцијата на објектот на Полициското одделение  Дојран. Јас и претходно во неколку наврати нагласив дека во склоп на зацртаните плански активности  наредниов период  за подобрување на материјално-техничките стандарди на работа и функционирање на сите организациони единици при Министерството за внатрешни работи, ние со несмален интензитет продолжуваме со инвестирање  во обнова и изградба на материјалната инфраструктура, на подобрување на сите технички и градежни стандарди како базичен предуслов за нормално и ефикасно работење на полициските службеници“, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при неговата денешна посета на  јужниот регион,  Граничниот премин  Стар  Дојран и Полициското Одделение Дојран, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

„Објектот на Полициското  одделение  Дојран, за што денеска можеме да се увериме дека за релативно краток период успеавме да ги завршиме сите предвидени градежни зафати, во поголем дел беше доста амортизиран и во оштетена состојба. На овој објект целосно е санирана кровната конструкција, со сета потребна инфраструктура, а од аспект на енергетска одржливост и ефикасност изработена е нова термоизолациона фасада со акрилен завршеток на целиот објектот и инсталирано е ново парно греење. Покрај ова, целосно е заменета електричната инсталација, санирани и обновени се санитарните  јазли, а извршени се и низа други градежни работи надворешно и внатрешно во самиот објект. Средствата за сите тие зафати во висина од 5 милиони денари се обезбедени како и во сите претходни вакви активности од буџетот на Министерството“, потенцираше министерот Спасовски.

Спасовски истакна дека за овие  три и пол години се реконструирани 54  објекти, додека во моментов  интензивно се работи на реконструкција и санација на четири објекти, и тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица  Ресен, Полициското одделение Ростуше во Општина Маврово – Ростуше и Војничкиот клуб во Касарна Илинден за потребите на Специјалната антитерористичка единица – Тигар.

„Нашата обврска, односно зацртаната  цел – подобрување на условите на работа на сите полициски службеници и, генерално, во самото министерство во целина – продолжува да се реализира и  остварува“, порача Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Nordwind Airlines, една од најголемите руски авиокомпании, ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, од 21-ви мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.

ТАВ НАЈАВУВА: НОРДВИНД ЕРЛАЈНС ОТВОРА РЕДОВНА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – МОСКВА

ТАВ НАЈАВУВА: НОРДВИНД ЕРЛАЈНС ОТВОРА РЕДОВНА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – МОСКВА Авиобилети...

Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8!

Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

Третата лента на автопатската делница Петровец – Катланово се гради со силен интензитет....

Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

ГРАД СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ – БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски...

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на...