
Македонија
Кретивно
„Ми причинува големо задоволство фактот што, преку денешниов настан, односно можноста да имаме увид во новите, реконструирани простории на Одделението за управни работи при ОВР Кавадарци, практично го потврдуваме континуитетот на заложбата што уште на почетокот на мојот мандат во 2017 година јавно ја манифестиравме – а тоа е генералното подобрување на материјално-техничките услови за работа на полициските служби“.
Ова, меѓу другото, го изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на на новите реконструирани простории на Одделението за управни работи Кавадарци.
Министерот Спасовски потенцираше дека МВР продолжува со примарната задача, така што само од октомври наваму динамично започнаа активности за реконструкција и санација на пет објекти што ги користат разни организациони единици при МВР, при што градежните работи за објектот на ПС Жеровјане, на ОУР Кавадарци и ОВР Крива Паланка се готови, а во тек, односно при крај се градежните зафати на објектот во Гевгелија и на објектот на ОУР Кавадарци.
Во оваа прилика министерот Спасовски, исто така, нагласи дека во рамки на досегашните вакви активности изминативе неколку години градбата, односно реконструкцијата на објектите беше исклучиво на товар на буџетот на Министерството.
Ние успеавме преку нашите финансиски проекции и заштеди да инвестираме над 70 милиони денари во реализацијата на тој наш план“, потенцираше министерот Спасовски и додаде: „Се разбира, нема да запреме тука, затоа што во тек се проценките за продолжување на активностите и наредната година, односно продолжување на санацијата и реконструирањето на објекти на министерството секаде онаму каде што ќе се процени дека тоа е нужно“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.