-Додека ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја уништуваше Македонија 11 години, повикува да се поведе постапка пред ДКСК, јас дојдов сам и доставив допис да се испита целиот случа

Објавил: Перо Милчин | 13 август, 2019 13:03

СПАСОВСКИ: Синот на сопственикот на Пин Петрол работи во МВР, но не во мојот кабинет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска достави допис до Антикорипциска комисија и побара да го расчисти случајот со бензиската „Пин Петрол“ отворенa неодамна во Куманово. ВМРО ДПМНЕ веднаш по отворањето ја поврза со министерот.

Сопственик на „Пин Петрол“ е татко на советникот за односи со јавност на Спасовски, Никица Петрушевски. Оливер Спасовски тврди дека „лицето е вработено во МВР“, но дека не работи во неговиот кабинет. Не смее да се дозволи манипулација со јавноста – рече министерор Оливер Спасовски пред Антикорупциска комисија.

-Одговорно сакам да кажам дека тоа се апсолутно лаги и дезинформации, ниту јас ниту моето семејство немаме удел во таа или во било која друга компанија, ниту во државата, ниту надвор од неа, ниту денеска, ниту во минатото – рече Спасовски.

Тој нагласи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се дезинформации и невистини за да биде дискредитиран.

-Додека ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја уништуваше Македонија 11 години, повикува да се поведе постапка пред ДКСК, јас дојдов сам и доставив допис да се испита целиот случај, мојата имотна состојба, потеклото на имотот, и да се утврдат фактите. Не смее да се дозволи манипулација со јавноста – рече Спасовски пред Антикорупциска комисија.

Никица е син на Добрин Петрушевски, близок соработник на Оливер Спасовски, а се јавува и како инвеститор на фамозната бензиска пумпа во населбата „Перо Чичо“, појаснува страницата на Кумановска република.

„Се поставува прашањето, од каде толку пари на овој млад човек да биде инвеститор на бензинска пумпа или пак позади оваа инвестиција стои уште некој од присутните на третата слика, направена при поставување на камен темелник на споменатата бензинска пумпа?“, се поставува прашање во споменатиот пост на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш...

Како што беше објавено наводно во телефонот на Боки биле пронајдени и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење. Порталот објави дека фотографиите сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата Рекет.

Пронајдени СМС пораки, експлицитни фотографии и две видеа кои докажуваат дека Боки бил во врска со српски политичар?

Откако завчера српски Телеграф излезе со насловна страна на која стоеше дека Боки...

Како што објави српски Курир, наводно  Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, односно вмешаноста во случајот Рекет за кој тој е првоосомничен и во моментот се наоѓа во затворот во Шутка.

Боки 13 бара преместување на психијатрија, се заканил со докази против Заев

Првоосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски испратил порака до државниот...