Настанот, на кој студентите и наставниците имаа можност да разменат искуства со министерот Спасовски за безбедноста, движењето на криминалитетот, плановите за иднината, го водеше деканот на факултетот, проф. д-р Никола Дујовски.

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 декември, 2020 12:34

Спасовски учествуваше на традиционалното академско кафе со студентите и професорите од Факултетот за безбедност – Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка м-р Магдалена Несторовска учествуваа на традиционалното предновогодишно академско кафе, кое годинава се реализираше „онлајн“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, во рамки на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Настанот, на кој студентите и наставниците имаа можност да разменат искуства со министерот Спасовски за безбедноста, движењето на криминалитетот, плановите за иднината, го водеше деканот на факултетот, проф. д-р Никола Дујовски.

Во своето воведно обраќање министерот Спасовски истакна: „Зад нас е една би рекол тешка година, исполнета со активности што многу повеќе беа резултат на изнуденост – се разбира како одговор на глобалната пандемија од „ковид 19“ – година што објективно забави или одложи многу наши планови, амбиции, проекти, без оглед дали се однесуваат на личен, професионален или институционален план“, додавајќи дека не постоеше сегмент од општественото живеење кој што не се најде на удар на пандемиската криза, вклучувајќи ги образовниот и научниот сегмент, кои што како и сѐ друго, мораа да се прилагодуваат на новонастанатите услови.

„Сепак, на мислење сум дека и покрај таквите, без дилема вонредни и крајно загрозувачки состојби во текот на речиси цела 2020 година, успеавме да ги амортизираме поголемиот дел од можните штети – пред сѐ во поглед на зачувување на здравјето на луѓето, како и во поглед на спроведување на законите и во релативно нормалното фукционирање на системот, како базични услови за брзо надминување на оваа досега незапаметена светска криза, предизвикана од пандемијата на коронавирусот ковид 19“, посочи министерот Спасовски.

Спасовски учествуваше на традиционалното академско кафе со студентите и професорите од Факултетот за безбедност – Скопје!

Одговарајќи на прашања од страна на студентите, министерот информираше за мерките кои секојдневно ги спроведуваат полициските службеници за спречување на ширење на вирусот, како и за за секојдневното затворање на угостителски објекти поради непочитување на мерките и одлуките донесени од Владата.

Министерот Спасовски, одговарајќи на прашање во однос на борбата со криминалот генерално, предочи за намалување на сите видови криминалитет во државата во последните неколку месеци, вклучувајќи ја и бескомпромисната борба со нелегалната трговија со дрога, од која секојдневно се гледаат резултатите. Воспоставувањето на редот во сообраќајот преку зајакнатите сообраќајни контроли, исто така, беше поздравено од студентите, како и зајакнатите контролни активности на полицијата пред празниците, кои резултираа со над 180.000 запленети пиротехнички средства.  

Министерот Спасовски, осврнувајќи се на годинатакоја донесе предизвици што влијаеа на поттикнување на човечноста и солидарноста, им посака на студентите добро здравје и среќна и успешна 2021. Факултетот за безбедност – Скопје на министерот Оливер Спасовски му додели благодарница за досегашната соработка и партнерскиот однос со оваа високообразовна институција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Мијалков спроведен од куќен притвор – во тек пресудата за „Таргет Тврдина“ (ФОТО)

Во моментов во тек е пресудата за предметот „Таргет Тврдина“. Судењето за „Таргет-Тврдина“...

Мицкоски посочи дека проблемот е што тој одлучува во моментов, проблемот е што неговите одлуки се погрешни и ја водат во бездна државата.

Мицкоски за случајот Мијалков: Не видовме одговорност затоа што криминалната мафија е заортачена

Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже...