Водно секој викенд е блокирано со паркирани возила и покрај забраната за движење.

Објавил: Перо Милчин | 30 јануари, 2019 15:04

Спасовски : “Фалат полицајци да го решат хаосот во паркирањето и сообраќајот”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во Скопје фалат многу полицајци, затоа не се присутни низ градот да санкционираат непрописно паркирани возила.

Тротоарите и велосипедските патеки секојдневно се блокирани со возила, третата лента на булеварите е паркинг, а дистрибутерите и понатаму вршат дотур на стока во текокот на денот.

Водно секој викенд е блокирано со паркирани возила и покрај забраната за движење. Минатиот викенд автобусите на ЈСП „Скопје“ не можеа да се качат на Средно Водно оти патот беше преполн со коли, а сообраќајната полиција ја немаше.

Министерот Оливер Спасовски одговори на прашање, зошто ја нема сообраќајната полиција низ градот да ги санкционира граѓаните, а тој одговори дека имаат многу проблем со недоволниот број на полицајци.

„Проблем се и недостатокот на обележани паркинг места, но и лошо проектираните улици, особено во некои населби во централното градско подрачје. На секои 50 метри мора да имате полицаец за да почне да се решава хаосот во сообраќајот и во паркирањето. Свеста на возачите сè уште не е на доволно високо ниво, а ние со кампањи гледаме да придонесеме таа да се подигне. Секој од нас мора да даде и свој личен придонес, бидејќи сите ние имаме членови од семејствата кои се пешаци. Факт е дека имаме недостаток на полициски службеници и дека не се доволно присутни во градот. Состојбата се подобрува, тоа го покажуваат и статистичките податоци и бројот на прекршоци. Безбедноста во сообраќајот не е работа само на една институција и затоа заеднички работиме на подобрување на состојбата“, рече Спасовски, на промоцијата на проектот „Паркирај слободно“ кој ќе го спроведуваат во средните училишта заедно со Град Скопје и Општина Центар.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека подолг временски период Скопје има недостиг од обележани паркинг места, а направените статистики покажале дека во Скопје имаме 9 до 10 возила на едно паркинг место.

„Со оглед на тоа, исто како и проблемот со аерозагадувањето, и за овој проблем се решава на долг рок. Паралелно со зголемувањето на бројот на паркинг места работиме на дестимулирање на употребата на моторни возила и поттикнување на користењето на јавниот превоз со цел да постигнеме истовремено одржлива урбана мобилност и намалување на аерозагадувањето во делот на сообраќајот. Оттука совесното и одговорно паркирање е од непроценлива важност за спречување на хаосот во сообраќајот со кој граѓаните секојдневно се соочуваат особено во централното градско подрачје“, изјави Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...