
Македонија
Вести
Министерот Оливер Спасовски денеска апелираше до граѓаните во текот на претстојните празници да прославуваат одговорно.
Тој рече дека сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот.
Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, рече тој!
На 31 декември, неофицијално, околу 2000 полицајци на терен ќе проверуваат дали се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.
На мета ќе бидат туристичките места со викендици, но униформирани лица ќе има и на булеварите и улиците во сите градови.
Ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот, појасни Спасовски.
Министерот за внатрешни работи информира дека полицијата деновиве растурила неколку забави.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.