„Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, рече Спасовски.

Објавил: Перо Милчин | 17 мај, 2020 13:38

Спасовски: 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека и 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам во вредност од 6.000 денари и платежна картичка во вредност од 3.000 денари.

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција го објави третиот пакет економски мерки на Владата, со кој како што рече се обезбедува директна помош за граѓаните, за стопанството и за земјоделството и изјави дека 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам во вредност од 6.000 денари.

Сите вработени коишто имаат нето плата помала од 15.000 денари и немале во 2018 година дополнителен приход според УЈП, може да добијат ваучер во вредност од 6.000 денари која ќе може да ја употребат за домашен туризам и домашна платежна картичка во вредност до 3.000 денари, најави техничкиот премиер Спасовски, презентирајќи го третиот сет владини мерки за помош на економијата.

„Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, рече Спасовски на прес конференцијата!

Викенд без ДДВ, односно ќе ја поттикнеме потрошувачката каде ќе има попусти на облека, бела техника, санитарија. Паричен надоместок ќе има и за они кои останале без работа од 11 март до 15 април, изјави Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

ИВЗ го доби новиот поглавар!

Од денеска стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Реис...

Сарај, Чаир, Гази Баба и Бутел се општини со најголем број на заболени а воедно посочи и дека ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки доколку тоа е потребно.

Венко Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции!

На денешната прес-конференција Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција...

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

ЛЕВИЦА: „СДСМ ја однесе Македонија во длабока економска бездна“

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин...

 За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење додава миностерот за внатрешни работи Наке Чулев.

Чулев: Порастот на заболени е вина на власта!

Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта наместо суштински...