ЛГБТ заедницата

Објавил: Калина Мартинска | 26 мај, 2024 21:37

„Спектакуларно непослушни“ – најавена Парадата на гордоста во јуни

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Спектакуларно непослушни е главната порака која ќе биде испратена на петтото издание парада на гордоста во скопје која ќе се одржи на 22 – ри  јуни.

Од националната мрежа против хомофобија и трансфобија очекуват од институциите да биде обезбедено високо ниво на безбедност за учесниците, а новата Влада да покаже дека државата има демократски капацитети.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска посочи дека досегашните четири изданија поминале во најдобар ред, биле регистрирани само 2 инцидента по завршувањето на парадите од кои за еден имало отворено постапка за говор на омраза.

Според организаторите парадата била битна поради тоа што маргинизираните групи биле видливи само тој ден.

Маршутата на движење ќе биде иста како и изминатите години со зборно место пред собрание во паркот жена борец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.