Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле, вели екс министерот за Здравство Венко Филипче!

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2022 15:13

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп.

Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле, вели екс министерот за Здравство Венко Филипче!

Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати.

На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување, рече тој!

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид е на површина од 60.476,00 м2 со вкупно 13.869,02 м2 изградена површина во функција на здравствена заштита (болнички блокови со придружна инфраструктура). Работен капацитет на болницата е 237 болнички кревети (вон стандардни услови), а оптимален 205 болнички кревети. Степен на искористеност на работен капацитет е 73,44%.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид е формирана 19.07.1950 год. како Специјална болница за косно-зглобна туберколоза.

Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови, покрај костната туберколоза успешно да се лекуваат и сите други ортопедско трауматолошки заболувања така таа се разви во специјализирана здравствена организација за давање на здравствена заштита во областа на ортопедијата и трауматологијата и костнозглобна туберколоза. но само за десет години во 1988 година прерасна во Институт за ортопедија и трауматологија. Со усогласување на Законот за здравствена заштита, а со Одлука на Собранието на Република Македонија број 08 – 1870/1 од 18.05.1995 година во Судскиот регистар број 2553/95 од 16.06.1995 година го менува називот во Јавна здравствена организација “Специјална болница за ортопедија и трауматологија” Охрид, а во 2000 година со Одлука на Собранието на Р.Македонија го доби и називот “Св. Еразмо”.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид е организирана во медицински отсеци и одделенија како што следи:

– ортопедско-трауматолошки женски медицински отсек (I кат стара зграда)

– ортопедско-трауматолошки машки медицински отсек (II кат стара зграда)

– медицински отсек -амбуланти(7) со превијалиште и гипс сала (Приземје стара зграда)

– ортопедско-трауматолошки детски медицински отсек (II Павиљон)

– женски медицински отсек за рехабилитација /параплегија (I кат нова зграда)

– машки медицински отсек за рехабилитација /параплегија (II кат нова зграда)

– медицински отсек за церебрална парализа и ортопедија (III кат нова зграда)

– ортопедски – нов објект – посебен стандард

– медицински отсек – оперативен блок (I,II сала и III нова трауматолошка оп.сала)

– медицински отсек – сала за интензивна нега и реанимација

– медицински отсек за физикална терапија

– медицински отсек РТГ, КТ, ЕХО

– медицински отсек (неурологија) ЕЕГ и ЕМГ

– медицински отсек биолабораторија

(во рамките на секој медицински отсек егзистира одделение за физикална терапија)

– одделение за припрема на храна

– одделение за припрема на веш

– одделение за техничко одржување

– административно одделение за економско-финансиски работи (фин.книговодство, матријално книговодство, ликвидатура со фактурно, благајна, приемно, болничко интерна аптека)

– административно одделение за општо-правни работи (општо-правни работи архива, ПП заштита и осигурување, архива, кадрово, обезбедување)

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид односно медицинските оддели располагаат со модерна опрема од висока технологија помеѓу кои би го издвоиле и тоа:

– 2 операциони асептички сали со комплетна инфраструктура и инструментариум и 1 нова операциона сала со намена за септичка ургентна трауматолошко – ортопедска медицина со пропратна инфраструктура (за реанимација и интензивна нега) со опрема и инструментариум.

– 18 + 6 кревети за интензивна нега и реанимација со потребна инфраструктура

– РТГ кабинет, (постоечки и нов) ЕХО и КТ Скен кабинет

– ЕМГ и ЕЕГ кабинет

– 1 лабораторија за медицински анализи (мед.биохемија)

– 1 аптека – интерна

– 7 амбуланти за надворешни прегледи со приемно одделение

– 1 гипс сала

– блок со 4 одделенија за физикална терапија со протребна опрема

– 1 базен и 1 мал детски базен со комплет апарати за физикална терапија

– комплетен информатички систем (хардвер и софтвер) и 24 интернет конекција

Третманот на пациентите се врши екипно со доктори на медицински науки, примариуси, специјалисти, ортопеди специјалисти, физијатри специјалисти, неурохирург специјалист, анестезиолози специјалисти и повеќе лекари на различни специјализации помогнати од виш и среден медицински и парамедицински персонал.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид располага со проверен и префесионален стручно медицински кадар од вкупно 42 лекари и тоа доктори на медицински науки уролог 1, примариуси специјалисти – ортопеди 3, ортопеди специјалисти 6, специјалисти физијатри 8, специјалисти физијатри примариус 1, специјалисти анестезиолози 4, субспецијалисти ортопед трауматолог примариус 1, субспецијалист за пластична хирургија 1, специјалист за неврохирургија 1, специјалист за мед. Биохемија 1, специјалисти педијатри 2, специјалист ренгенолог 2, специјалист неуролог 2.

Согласно програмата за стручна специјализација 2013 и 2014 год на специјализација се упатени 9 доктори на специјализација ортопедија, 4 анестезија, 3 неурохирургија и 1 за трауматологија.

Покрај нив ангажиран е медицински и друг персонал заради целосно обавување

Во 1988 г. болницата прераснува во “Институт за ортопедија и трауматологија за да 1995г. согласно со Законот за здравствена заштита го промени називот во “ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

На клиниката добиле рок за седум дена да постапат и да ги прочитаат сите резултати на пациентите.

Скандал на Радиологија: Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак пола година чекаат резултати

Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак повеќе од шест месеци чекаат да им се прочитаат...

Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Зголемен број на новозаболени од ковид-19, нови мерки засега нема

Согласно податоците што ги соопшти вчера Комисијата за заразни болести, забележан...

Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен...