
Македонија
Колумна
По избивањето на скандалот поврзан со случајот што денеска го именуваме како „Рекет“ тогашниот премиер на Македонија, Зоран Заев, изјави дека – Нема да дозволи меѓудругите и еден педер да го симне од власт. Неколку месеци подоцна се одмотуваше клопчето во „Рекет“ постепено почнавме да откриваме дека значајни политички фигури во Македонија се вмешани во криминалот. Освен политички фигури и специјалната јавна обивнителка, Катица Јанева, која требаше да ја донесе правдата со своето дејствување, на крај всушност сфативме дека учествувала во тежок криминал и против неа се води сериозно обвинение.
На вчерашното одржано судење за случајот „Рекет“, прво обвинетиот Бојан Јовановски, ја обвини, пак, неговата обвинителка Вилма Русковска дека учествувала во криминал тежок 4 милиони евра. Малку е тешко да се следи кој се е криминалец? Или уште попрецизно кажано тешко е да процениме кој не е криминалец во случајот? Работите се целосно измешани, оние кои треба да дистрибуираат правда и да го докажат криминалот и сами се ставени под сомнение дека учествуваат во него, оние за кои се води кривична постапка, тврдат дека се невини и изиграни пиуни во шарениот колаж на играта за моќ и пари. Да сакав некому што не е запознаен со денешните политички случувања во Македонија да му ја објаснам целата констелација на односи, веројатно немаше да успеам да лоцирам – Кој со кого, каде и зошто, а најмалку ќе можев да лоцирам кој е невин во целата ситуација.
На вчерашното судење за „Рекет“ се случи уште позбунувачка ситуација од она кога Боки ја обвини Вилма за криминал тежок 4 милиони.
Имено, Лила Филиповска, долгогодишната другарка и соработничка на Боки, тврди дека за отворање на 1ТВ дала 25 илјади евра донации и два пати по 8 илјади евра позајмица. Простете ми што сумата на парите ја пишувам описно, но парите кои се спомнуваат во јавниот етер како да паѓаат од небо, за мене се голема сума на пари,

јас во мојот живот толку многу пари немам видено, а не па имано во рака. Од таа причина и скоро да не знам да ја напишам и замислам споменатата сума на пари. Прашањето што здраворазумски се наметнува во овој случај е: Од каде една водителка на шоу „Се или нешто“ има толку пари во оптег, не само за себе, туку и вишок за да ги донира или позајми? Ниту е Лила Филиповска најпопуларна водителка, има многу популарни и пошармантни водителки, но сите тие живеат скромно, колку што може да се живее од една просечна, па и натпросечна плата во Македонија. Не мора да добијам одговор на ова прашање, бидејќи има полуреторски карактер. Јасно е дека толку голема сума на пари ниту еден човек што работи чесно не може да ја заработи за себе, а уште помалку да ја донира или позајми на друг. Мотивот за донацијата или позајмицата е сосема друга ставка. Времето покажа дека мотивот може да биде само чист интерес, бидејќи и покрај секојдневното дружење и силното пријателство со Боки, Лила вчера во судница му соопшти дека: „Повеќе не се пријатели“. Старата народна вика: „Вистинскиот пријател во лошото се познава“, Лила побрза да му го сврти грбот на Боки и тоа доволно покажува дека тука не се работи за искрено и вистинско пријателство, а уште помалку бајковито вистинско што може да се собере во гест на инвестиција од 25 илјади евра и два пати по 8 илјади евра позајмица. Дечки, овде никој не е луд!

Заклуокот од ова циркузијада е дека луѓе како Боки, Лила, Катица Јанева, Вилма Русковска и други ја презентираат елитата во Македонија.
По сите стандарди, теориски, етички и концептуални, елита ја сочинуваат луѓе кои се разликуваат од другите во степенот на образование, елоквентност, чесност, интегритет, став и карактер. Елитата се занимава со образување на младината и ширење на универзални етички вредности. А што е елитата кај нас? Луј Витон чанти полни со милиони кеш, скапи и брендирани парчиња облека која за обичниот човек може да биде само изложбен експонат, луѓе со скромно образование и професии што имаат огромна популарност, оние што од своите изгледи, животи и односи прават пародија на сметка на поголема популарност и омиленост, луѓе кои си ги продаваат своите тела и образи за пари кои ги вложуваат во естетски операции и скапи обетки што ќе им ја покријат дамката на образот, луѓе кои живеат на туѓа сметка и кои се подготвени да направат се што од нив некој ќе порача. Елитата во Македонија е собир на спонзоруши, проститутки, педери, криминалци и квази новинари. Ве прашувам од каде ќе проникне прогресот и стабилноста на едно општество со ваква елита? Знам дека колумна не се завршува со прашање, ама ова прашање нема својство на прашање, баш поради тоа што е реторско, а одговорот на сите ни е јасен.
Автор: Магдалена Стојмановиќ
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.