Нинџа тврди дека постоел паравоен штаб во скопски "Мериот" со што организатори на нападот биле Мијалков, Бришковска Бошковски, Ристовски, Божиновски, Јанакиески и Чавков

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 13:21

Според Нинџа, паравоениот штаб на Мијалков сместен на осмиот кат од “Мериот”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на судењето за организираниот напад во Собранието во сведочењето објасни како дојде до настаните таа вечер.

Кажа дека во паравоениот штаб на ВМРО – ДПМНЕ од каде што доаѓале наредбите се гледала сега веќе непостоечката „ТВ Нова“.

На 27 април, во ресторанот дојдоа Никола Митревски – Кољо и други обвинети. Ми се јави директорот (на УБК) Атанасовски. Ми рече да ја следиме состојбата во Собрание, му кажал и на Јане Ченто. Во 17 часот дојде мојата сопруга. Тоа време имав контакт и со Сашо Мијалков. Ми рече, дојди во базата. Базата ни беше хотелот ’Мериот‘. 

Влегов од под земја. По навика, мислев Сашо е таму. Немаше обезбедување. Стиснав на осми кат на лифтот, мислев таму е. На крајот на катот има сала. Кога влегов во салата, видов други луѓе. Сашо не беше таму.

Пред мене беше парамилитарниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ: Билјана Бришковска Бошковски, Спире Ристовски, Кире Божиновски, Миле Јанакиески, Чавков Митко. – сведочи Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. 

Како се гледаше „ТВ Нова“ на телевизор, рече Нинџа, така се давале наредби: Билјана Бришкоска комуницирала со Трајко Вељаноски, Миле и Спире со Бетмен, Чавков комуницирал со Ивица Вучевски и Митко Пешов.

Билјана Бришкоска Бошковски критикуваше дека пратениците не си ја завршиле работата. Немало тепачка, разочарана беше. Пратена беше насока до пратениците да ги отворат собраниските врати. Дојде директорот на УБК Владимир Атанасовски. –  кажа Нинџа

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...