Според последните податоци што претходно ги објави Републичката изборна комисија, до 18 часот гласале 51,93 отсто од гласачите.

Објавил: Македонка Димкин | 17 декември, 2023 23:14

Според првичните резултати во соседна Србија победи СНС

Фото/Текст извор: ©Магазин

Според последните податоци што претходно ги објави Републичката изборна комисија, до 18 часот гласале преку 53 отсто од гласачите.

По вторпат во изминатите две години гласачите во Србија излегоа на парламентарни избори да одлучуваа за идното свикување на собранието, а според првичните резултати победата ја извојува Српската напредна странка со коалиционите партнери, јавија белградски медиуми.

Првите резултати на Ипсос и Цесид покажаа дека СНС освоила 46,6 отсто од гласовите, додека коалицијата Србија против насилството освоила 23,1 отсто.

Социјалистите освоија 6,9 отсто од гласовите, додека коалицијата НАДА 4,8 отсто.

Изненадувањето го претставува изборната листа чиј носител е д-р Бранимир Несторовиќ, кој доби 4,8 отсто од гласовите.

„Тешко е да се очекува дека пребројувањето на гласовите во Белград ќе донесе големи промени“, вели Срѓан Богосављевиќ од агенцијата „Ипсос адрија“ за РТС.

Изборната победа претходно беше објавена во седиштето на СНС.
Ана Брнабиќ, премиерка на Србија и повереник на одборот на белградската СНС, во обраќањето нагласи дека нејзината листа има 47,1 отсто гласови, Србија против насилството 23 отсто, додека уште три списоци сигурно го поминуваат цензусот.

Претседателот на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ вечерва ги повика сите опозициски партии заеднички да поднесат кривична пријава против организаторите на, како што наведе, „незаконското гласање на граѓаните од соседните држави“.

Тадиќ на социјалната мрежа Х повика на заедничко поднесување кривична пријава против службениците во МВР кои „незаконски прифатиле измени во пријавувањето на живеење на државјаните на соседните држави, со цел да се влијае на конечниот резултат на избори“.

Како што претходно објавија медиумите во Белград, претставници на опозицијата и дел од граѓаните тврдат дека во Штарк арената во Белград масовно се собираат луѓе кои биле донесени да гласаат со автобуси од Република Српска, кои потоа по списоци се распоредени на различни избирачки места.

Годинава во избирачкиот список беа запишани вкупно 6.500.666 гласачи кои можеа да гласаат на 8.273 избирачки места, кои беа отворени од седум наутро до осум вечерва.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ.

Потона сплав во Белград на него немало Македонци!

Потона сплавот „Картел“ на кејот Сава во Белград, додека на него се забавувале стотина...

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – Ние, гласот на народот“, очигледно ќе биде тој што ќе одлучи кој ќе коалицира во Белград.

Бранимир Несторовиќ, најголемото изненадување на изборите во Србија

Доктор Бранимир Несторовиќ, кој беше носител на листата „Д-р Бранимир Несторовиќ –...